142
21 shares, 142 points

Застои, стрес, преполни паркиралишта, па уште и жешко под покривот. Патувањето со автомобил на годишен одмор честопати знае да биде напорно. Некои возачи решаваат да патуваат ноќе. Но, тоа не е најдобро за здравјето.

Подготовката за патување со автомобил на годишен одмор не подразбира само проверка на притисокот во гумите, на нивото на масло и на сопирачките облоги. Возачот, пред сé, треба да се подготви за долгото патување.

Тоа почнува со правилен оброк. Правило е на патување со автомобил да не се поаѓа со празен стомак. Обичен појадок го раздвижува крвотокот. Треба да се внимава на тоа дека преголема количина пијалоци што содржат кофеин ја поттикнува нервозата.

Возачите треба да избегнуваат и обилен оброк пред поаѓањето на пат. Тоа предизвикува замор. Најдобро е да се јаде ситно сечена сурова храна, како морков, краставица или јаболко. Оваа храна може да се понесе и на пат, затоа што обезбедува течност и заситува.

Како да го подготвите автомобилот за летниот одмор

Облеката исто така е важна. Таа треба да биде удобна и лесна, да не се припива на телото. За децата се препорачуваат долги тенки маици и пантолони. Кога температурите се високи, децата може да добијат изгореници на зовриените седишта или други делови во кабината. Возењето со влечки, кломпи и слично, не е забрането, но не е најбезбедно. Правилен избор се тенки спортски обувки со врзување.

Изборот да се патува ноќе се чини дека носи само предности. Сообраќајот е намален, колоните не се долги и во најдобар случај се заштедува цел ден од летниот одмор. Возачите што редовно земаат лекарства сепак треба да бидат крајно внимателни. Повеќето лекарства предизвикуваат замор. Тоа најчесто не се забележува во секојдневието, затоа што овие лекарства обично се земаат навечер пред заспивање.

Внимателно при патување со автомобил под дејство на лекарства

Но, кога треба да се патува, овие редовно земани лекарства претставуваат опасност. Тоа важи особено за лековите против силни болки, средства за намалување на крвниот притисок или психофарматици. Генерално, голем број лекарства може да влијаат врз безбедноста во возењето. На пример, некои препарати за очите предизвикуваат ширење на зениците што може да води кон посилно заслепување во текот на приквечерината и ноќта. При зголемена температура исто така не треба да се седнува зад волан.

Патниците со венски воспаленија треба превентивно да носат компресивни чорапи или да земат средство за разретчување на крвта, заради намалување на опасноста од тромбоза. Редовната починка за време на патувањето е најдобар начин за спречување на застојот во крвотокот во нозете.

Патување без мачнина

Препорачливо е на секои еден и половина до два часа да се направи пауза. Најважно е движењето. Паузата им годи на нозете, но движењето генерално помага да се внесе кислород во телото. На подобро организираните одморалишта обично се наоѓаат средства за лесни вежби за раздвижување, исто како и игралишта за децата.

Кога ќе се мине подолга релација и возачот чувствува замор и поспаност, раздвижувањето најмалку помага. Тогаш конечно треба да се дремне и да се испие кафе. Истражувањата имаат докажано дека такачаренената турбо-дремка од околу половина час е најефикасна за организмот да се врати во форма. Барем на кусо.

Вака се изведува турбо-дремката, без да се западне во длабок сон. Седиштето се легнува, клучот се зема в рака, се заспива. Кога дланката ќе го испушти клучот, тоа е знак дека е достигната фазата на длабок сон, а возачот се буди од звукот на клучевите. Спротивно од убедувањето, кафето треба да се испие пред дремнувањето, затоа што кофеинот го ослободува дејството по околу половина час до 40 минути. Дотогаш, дејството на кафето е спротивно, односно поттикнува поспаност. Оттука, практиката на некои возачи да го пијат кафето додека возат, апсолутно е погрешна.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

142
21 shares, 142 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743