164
21 shares, 164 points

Повеќе од 70 автомобилски новинари од целиот свет почнуваат со тестирање на моделите што се кандидирани за титулата на светски автомобил на годината. По означувањето на стартот на салонот во Париз, победниците во изборот ќе бидат објавени во април следната година, за време на одржувањето на њујоршкиот салон на автомобили.

Во следните четири месеци, 73 специјализирани новинари за автомобилизам ќе ги тестираат сите кандидати во категориите на луксузни, спортски, еколошки и градски автомобил. Потоа следува првиот круг гласање, за во натамошниот тек од изборот да продолжат најдобро пласираните 10 модели во одделните категории. По второто гласање во средината на февруари, на салонот во март ќе бидат објавени трите финалисти, за на крај, победниците да бидат познати во средината на април, на салонот во Њујорк.

На изборот се доделуваат награди за светски автомобил на годината, најдобар луксузен и најдобар спортски автомобил, најеколошки, најдобро дизајниран, а сега за првпат и најдобар градски автомобил во светот.

Кандидатите за светски автомобил на годината:

  • Audi A5/S5 Coupé
  • Audi Q2
  • Audi Q5
  • Buick LaCrosse
  • Buick Envision
  • Chevrolet Cruze
  • Chrysler Pacifica
  • Fiat/Abarth 124 Spyder
  • Honda Civic
  • Hyundai Elantra
  • Hyundai Genesis G80
  • Infiniti Q60
  • Jaguar F-Pace
  • Kia Kadenza
  • Kia Rio
  • Kia Sportage
  • Mazda CX-9
  • Seat Ateca
  • Skoda Kodiaq
  • SsangYong Tivoli Air/XLV
  • Subaru Impreza
  • Toyota C-HR
  • Volkswagen Tiguan

Кандидатите за најдобар луксузен и најдобар спортски автомобил на годината:

  • Audi R8 Spyder
  • BMW серија 5
  • Bentley Bentayga
  • Cadillac CT6
  • Cadillac XT5
  • Honda/Acura NSX
  • Hyundai Genesis G90
  • Lexus LC500
  • Lincoln Continental
  • Mercedes-Benz E-Class
  • Mercedes-AMG GT Roadster
  • Porsche Boxster/Cayman
  • Range Rover Evoque Cabriolet
  • Volvo S90/V90

Кандидати за најдобар градски автомобил на годината:

  • BMW i3 (94 Ah)
  • Citroen C3
  • Citroen E-Mehari
  • Ford K+
  • Smart Brabus
  • Smart Cabriolet
  • Suzuki Baleno
  • Suzuki Ignis

Кандидати за најеколошки автомобил во светот

  • Audi Q7 e-tron 3.0 TDI quattro
  • BMW 740e Performance
  • Chevrolet Bolt (Opel Ampera e)
  • Chevrolet Malibu Hybrid
  • Honda Clarity Fuel-Cell Car
  • Hyundai Ioniq
  • Kia Niro Hybrid
  • Mercedes-Benz GLC 350 e
  • Tesla Model X
  • Toyota RAV4
  • Toyota Prius Prime.

Кандидати за најдобро дизајниран автомобил во светот се сите модели од списокот, а дополнително Mercedes-Benz S-Class Cabriolet. Актуелен носител на титулата на светски автомобил на годината е родстерот Mazda MX-5.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

164
21 shares, 164 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *