Салони

Париз 2014: Ford го наостри спортскиот ван S-Max

Ford сака да понуди автомобил за сé со S-Max. Втората генерација на спортскиот ван на платформа на Mondeo ќе биде достапна и во верзија со погон на сите тркала.

Основните линии на каросеријата на големиот ван на Ford го следат претходникот, нагласувајќи го спортскиот карактер на S-Max. Ванот и натаму се нуди и во верзија со седум седишта. Новитет е приспособливото управување со подобрена реакција, покрај главниот новитет – 1,5 литарскиот EcoBoost со турбонатполнење и директно впрскување на горивото, по пример на помалиот брат 1.0 EcoBoost, носител на титулата на „светски мотор“ две години по ред. Новиот бензинец развиен според принципите на „даунсајзинг“ во S-Max ослободува 160 КС, исто како и во лимузината Mondeo.

Останати новитети се динамични диодни светла со автоматско приспособување на светлосниот сноп, како и систем за самостојно запирање при опасност од судир. Техничарите вложија големо внимание во изборот на материјалите и изработката на кабината на S-Max, со цел ванот да оддаде многу повредно чувство за квалитет и солидност.

Седиштата може да се наместат во 32 различни конфигурации, патниците на задната клупа имаат посебна регулација за климата, предните седишта имаат вентилација и масажна функција, инструмент таблата е дигитализирана, а во арсеналот на безбедносна и комфорна опрема се наоѓаат дури 16 системи за асистенција, не изоставајќи го отворањето на задниот капак со замавнување со стопалото под браникот, како техника што дебитираше во Kuga.

Повеќе за новиот Ford S-Max може да прочитате тука.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729