Audi A6 Allroad и Skoda Octiva Scout веќе го направија тоа, Passat ќе го направи наскоро – европскиот број 1 го претстави Golf за по терен, со погон на сите тркала, моќни мотори и заштита за каросеријата.
Два сантиметри поголемо растојание од подлогата, погон на сите тркала како стандард и заштита за подвозјето, којашто во случајов не е шминка, го претвораат Golf во теренски автомобил. Golf Alltrack ја користи како основа каросеријата од комбито Golf Variant, за да ја претвори во кросовер што е поевтин од класичните спортски теренци, а на теренот е способен исто колку тие. Volkswagen вградува моќни мотори во теренскиот Golf: Нов 1,8-литарски TSI со 180 КС, дизел од 1,6 литар со 110 КС и дизел од 2,0 литри, во верзија со 150 или 184 КС. Со истиот концепт и истата техничка основа стартува и Seat Leon X-Perience.