127
17 shares, 127 points

Од јули, француската метропола ќе го ограничи сообраќајот со автомобили произведени пред 1997 година. Останатите возила ќе се поделат по категории, но и за нив ќе постојат ограничувања.

Одамна е познато дека Ан Идалго, градоначалничката на Париз, нема голема наклонетост кон автомобилите, а особено кон дизел возилата. Лани во септември, мадам Идалго воведе забрана за постари камиони и автобуси, најавувајќи дека од оваа година, забраната ќе ја прошири и на приватни автомобили. Сега следи и тој чекор. Од јули, во француската метропола ќе биде забрането да сообраќаат сите автомобили што се произведени пред 1997 година. Забраната ќе важи од 8 часот наутро до 8 часот навечер. Истото важи и за мотоцикли постари од 1999 година.

Париската градоначалничка Ан Идалго е решена да го спаси градот од загадениот воздух
Париската градоначалничка Ан Идалго е решена да го спаси градот од загадениот воздух

Во првиот викенд од мај, авенијата Шампс Елизе се претвори во пешачка зона, откако во минатата есен за првпат беше спроведена оваа акција на париската градоначалничка. Локалните жители и туристите можеа непречено да пешачат по авенијата со четири ленти во должина од 1,5 километар, од плоштадот Конкорд до Триумфалната порта. Раскошниот париски булевар во иднина ќе биде ослободен од сообраќај секоја прва недела во месецот.

Сообраќајот за „тешките дизелаши“ веќе одамна е забранет по улиците на француската престолнина

Целта на градоначалничката Идалго е да го редуцира сообраќајот во градот и да го подобри квалитетот на воздухот, како проблем со кој Париз се соочува веќе подолго време. Во метрополата на Сена се создава висока концентрација на смог, поради што не е дозволено во градот да сообраќаат автобуси, камиони и другите големи возила со дизел мотор.

Новата регулатива опфаќа само десет проценти од возилата на париските улици, но токму тие придонесуваат најмногу за загадувањето на воздухот, до 50 проценти, поради застарените бензински и дизел мотори. Постои план, по 2020 година да се забрани сообраќај на возила постари од десет години. Дотогаш, во француската метропола веќе нема да сообраќа ниту едно возило со дизел мотор. Мадам Идалго е решена да го спроведе планот без какви било отстапувања и за тоа добива силна поддршка од министерката за животна средина Сеголен Ројал.

Шест категории на загадувачи на воздухот, шест различни дозволи за пристап

Сите останати автомобили ќе бидат поделени во шест категории, во зависност од староста и количината на штетни материи. Секоја категорија ќе добие соодветна налепница на ветробранот, како еден вид вињета, според којашто ќе се одредува дали автомобилот смее да циркулира во одредено подрачје од градот. Секако дека најмалку ограничувања, доколку воопшто и постојат, ќе важат за електричните автомобили и возилата со погон на водород.

Забраната ќе го означи крајот за олдтајмерите како Citroen 2CV кои се дел од традицијата на градот
Забраната ќе го означи крајот за олдтајмерите како Citroen 2CV кои се дел од традицијата на градот

Од почетокот на следната година, прекршоците ќе се казнуваат драстично. Прекршувањето на забраната првиот пат ќе чини 35 евра, вториот пат 68 евра. На непоправливите прекршители, при натамошно непочитување на забраната ќе им се изрекуваат казни во висина до 450 евра. Тешките камиони нема да минат толку лесно. Првиот прекршок за нив чини 135 евра.

Се јавија и првите протести против одредбите на мадам Идалго

Не требаше долго време додека се јави првиот протестен бран против мадам Идалго и нејзините одредби. Главната критика се однесува на тоа дека најмногу се погодени семејствата со слаби примања, кои не можат да си дозволат нов автомобил, а електричен автомобил уште помалку. На историски вредните олдтајмери, кои се дел од француската традиција, како легендарниот Citroen 2CV, исто така им се заканува исчезнување од улиците.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

127
17 shares, 127 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743