197
24 shares, 197 points

Германските власти по откривањето на манипулацискиот софтвер во моторите на Volkswagen во САД започнаа со тестирања и на возила од други марки. Засега има само најава: Утврдени се отстапувања кај повеќе марки.

Сојузната служба за моторен сообраќај, која во германската држава регулира сé во врска со автомобилите, од впишување негативни бодови, до издавање хомологации за нови возила, кон крајот на септември започна со обемни проверки дали покрај Volkswagen постојат и други марки што користат софтвер за лажирање на вредностите на емисијата на штетни материи.

Во возниот парк за тестирање, покрај возила од концернот Volkswagen се најдоа и возила од други релевантни производители. Изборот на возилата беше извршен според продажните статистики во Германија, но и според укажувања од трета страна дека кај одредени марки и модели исто така се јавува отстапување од дозволените вредности на штетни гасови. Над 50 автомобили од домашни и странски производители се проверуваат во лабораториски услови на пробна рампа, но и со преносни мерни системи, во реални услови на возење. Досега се завршени тестирањата на две третини од автомобилите.

Утврдени се недозволени отстапувања, резулаттите ќе се објават наскоро

Врз основа на првичните резултати, Сојузната служба за моторен сообраќај денес објави дека се утврдени зголемени вредности на азотни оксиди при различни услови на возење и различни услови во средината. Во разговори со производителите ќе се врши евалуација на овие податоци. Потоа ќе следи објавување на измерените вредности. А, тоа значи: Паниката штотуку почнува.

Овие марки и модели се најдоа на тестирање од страна на Сојузната служба за моторен сообраќај:
  • Alfa Romeo Giulietta
  • Audi A3, A6
  • BMW серија 3, 5
  • Chevrolet Cruze
  • Dacia (сите модели со мотор SD)
  • Fiat Panda, Ducato
  • Ford Focus, C-Max
  • Honda HR-V
  • Hyundai ix35, i20
  • Jeep Cherokee
  • Land Rover Evoque
  • Mazda 6
  • Mercedes C-Class, CLS
  • Mercedes Sprinter, V-Class
  • Mini
  • Mitsubishi ASX
  • Nissan Navara
  • Opel Astra, Insignia, Zafira
  • Peugeot 308
  • Porsche Macan
  • Renault kadjar
  • Smart Fortwo
  • Toyota Auris
  • Volkswagen Golf, Beetle, Passat, Touran, Polo, Golf SportsVan, Touraeg, Crafter, Amarok
  • Volvo V60

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

197
24 shares, 197 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743