162
21 shares, 162 points

Кросоверите освојуваат сé поголем дел од пазарот на сметка на лимузините од средната класа. На новите Jaguar XE и Alfa Romeo Giulia нема да им биде лесно против германското премиум-трио Audi, Mercedes и BMW.

Новите модели на Jaguar и Alfa Romeo во средната класа ќе мораат да се соочат со силна борба против германските владетели во премиум сегментот, поради намалувањето на пазарот за овие модели, под притисок на популарните кросовери. Аналитичарите предвидуваат дека за овие модели ќе останат само 6 проценти од пазарот до 2020 година.

Со пристигањето на новиот Audi A4 повторно ќе се смени соодносот на силите во премиум сегментот на средната класа
Со пристигањето на новиот Audi A4 повторно ќе се смени соодносот на силите во премиум сегментот на средната класа

Триото премиум модели од средната класа, составено од Mercedes од класата C, серијата 3 на BMW и Audi A4 покрива дури 80 проценти од продажбата на автомобили во овој сегмент, кој во првата половина од годинава достигна околу 278.000 примероци. Оваа бројка постојано се намалува и веќе е надмината од конкурентите од сегментот на кросоверите, кои за шест месеци од 2015 година достигнаа 282.101 примероци. Триото сепак е стабилно и забележа раст од 11 проценти, главно поради пристигањето на новата класа C, која е нов лидер во сегментот, наспроти минатата година, кога беше на третото место, зад моделите на BMW и Audi. Пазарните експерти предвидуваат дека серијата 3 на BMW во следната година ќе падне на третото место, по стартот на продажбата на новиот Audi A4.

Германското премиум трио е безбедно, опасност за големоволуменските марки

Но, падот во продажбата во овој сегмент е лоша вест за новиот Jaguar XE, како и за Alfa Romeo Giulia, чијшто старт е одложен за средината на 2016 година. Аналитичарите очекуваат Alfa Romeo да достигне продажба од најмногу 22.000 примероци, во 2018 година, што е незначителна бројка во споредба со 150.000 примероци од класата C, 140.000 примероци од Audi A4 и 92.000 примероци од серијата 3. Поголеми шанси има моделот на Jaguar, кој до август достигна 6.146 примероци и се пласираше меѓу петте најпродавани модели во сегментот.

Италијанскиот и британскиот модел можеби нема да успеат да зададат удар на германската тројка, но затоа се повеќе загрозени моделите од големоволуменските производители, како Peugeot, Renault или Citroen.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

162
21 shares, 162 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *