141
20 shares, 141 points

Со пригодна музичко-сценска изведба во средата официјално беше отворен новиот ексклузивен центар за Jaguar и Land Rover во Скопје.

Новиот објект е лоциран на улица Скупи и подготвен е да ги услужи како постојните сопственици на Jaguar и Land Rover, така и новите клиенти заинтересирани за британските премиум автомобили.

Врвниот квалитет и иновативноста во комбинација со легендарниот британски дизајн и креативниот инженеринг се белезите по кои е препознатлив овој бренд. Софистицираноста и беспрекорноста се главните карактеристики на новиот продажен салон, кој е дизајниран според сите стандарди на Jaguar и Land Rover.

Тоа што посетителите го гледаат тука е идентично со тоа што може да го видат во кој било ваков овластен центар секаде во светот. Новиот центар за Jaguar и Land Rover опфаќа 680 метри квадратни и истиот се состои од изложбено-продажен простор за нови автомобили, како и дел за сертифицирани користени возила. Воедно, новиот објект нуди и единствени, овластени од производителот на Jaguar и Land Rover, постпродажни и сервисни услуги.

„Клиентот во срцето на секој дел од нашето работење“

Се гордееме што имаме привилегија да ги застапуваме најпрестижните брендови во автомобилската индустрија Jaguar и Land Rover. Потпирајќи се на нашето досегашно искуство, се надеваме дека „Аутомобили груп“ ќе ги исполни очекувањата на голем број почитувачи на овие марки. Пријатната атмосфера на објектот овозможува секој посетител да се чувствува добредојдено, а за нашите вработени претставува одлично место за работа. Како таков, новиот објект не само што го поддржува позиционирањето на марките Jaguar и Land Rover, туку го става клиентот во срцето на секој дел од нашето работење. изјави генералниот директор на „Аутомобили груп“, г. Кочо Бураку.

На свеченото отворање говор одржа и г. Антон Талпа, регионален менаџер за продажба на Jaguar и Land Rover, задолжен за европскиот регион. Тој накратко ги запозна присутните со глобалната експанзија на овој британски производител.

Гостите што беа дел од настанот имаа можност одблиску да уживаат во изложените модели меѓу кои и новитетите Jaguar F-Pace и Land Rover Discovery.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

141
20 shares, 141 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *