ПриборПроизводи

Осумте најдобри иновации за годинава одликувани на саемот Аутомеханика

Познати се носителите на титулите за најдобри иновации за годинава што се доделуваат на најголемиот светски саем за производи и услуги за автомобилска постпродажба Аутомеханика. Експертско жири ги избира најдобрите иновации во осум категории, почнувајќи од автомобилски пневматици, до опрема за дијагностика.

Победниците во изборот за најдобра иновација на годината во рамките на саемот Аутомеханика покриваат најширок дијапазон на производи, почнувајќи од ултралесен акумулатор за мотоцикл, преку автомобилски пневматици изработени од глуварче и уред за заштита на возилото од кражба, до иновативни четки за автоперални.

Деветчленото експертско жири на еден од производите му додели две награди. Станува збор за пневматикот WinterContact TS 850 P од Continental, којшто победи во категоријата на прибор и персонализација, но исто така е избран и за најеколошки производ на изборот. Газечкиот профил на овој пневматик се изработува од каучук добиен од коренот на руско глуварче, што претставува ветувачка алтернатива на традиционалното производство од природен каучук.

Bosch LTX12-BS

Во категоријата на делови и компоненти победи Bosch со ултралесниот лутиум-јонски акумулатор за мотоцикли LTX12-BS. Покрај тежината, предности на овој акумулатор се подолгиот животен век во споредба со обичните оловни акумулатори, отпорноста на високи температури, непостоењето опасност од протекување и отсуството на потреба од одржување.

Наградата во категоријата електроника и системи ја понесе системот Portector на производителот On Board Defence. Овој систем ја спречува кражбата на возилото без клуч, блокирајќи ја секоја неовластена комуникација преку приклучокот за дијагностика. Во сервисирање и дијагностика, најдобар се покажа NGK Spark Plug Europe со мерниот уред со повеќе гасови NCEM. Тоа е моментно најкомпактен и најлесен мерен уред со повеќе гасови во светот и меѓу другото подржува и тестирање на емисија при реални услови на возење.

Corghi Uniformity

Corghi ја обезбеди титулата во категоријата поправка и одржување со машината за монтажа на пневматици Uniformity. Овој уред посетува дијагностичка функција, при што со помош на притискачки валјак и ласерски сензори се откриваат дефекти во бандажот и во пневматикот. Во подрачјето на менаџмент и дигитални решенија е одликуван Smart Service 4.0 од производителот AVL DiTest. Според жирито, „развојот во подрачјето на поврзувањето на уредите овозможува нова дефиниција на услугата.“

WashTec се избори за победа во категоријата за миење, одржување и козметички поправки на автомобили. Страничната четка MultiFlex може да врти околу задниот дел од возилото и да се приспособува со цел да измие под задниот спојлер или под браникот. Од добавувачите на производи и услуги, победата му припадна на Valeo за ласерскиот скенер Scala. Тоа е прв уред од овој вид за сериското производство на автомобили и клучен фактор за автоматизираното возење.

Наградите ќе бидат доделени на 13-ти септември во Франкфурт. Годинава пристигнаа номинации за 130 производи, што е за една третина повеќе отколку на последниот избор за иновација на годината.

Победниците во изборот за најдобра иновација во автомобилската постпродажба

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar
Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами