Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Нови модели

Основната изведба на Mercedes S-Class Coupe за само 100.000 евра

Фактот што суперлуксузното купе на Mercedes сега е достапно за помалку од 100.000 евра сигурно нема да предизвика купувачка еуфорија, но возилото е барем малку поблиску до соништата.

Само шест цилиндри, само 367 КС и само 99.690 евра. Тоа е жртвата што ќе мораат да ја преживеат новите сопственици на S-Class Coupe, откако Mercedes ја воведе верзијата S 400 како нов основен модел во понудата на ексклузивното купе. Со откажувањето од повеќе цилиндри и повеќе коњски сили, новиот S 400 чини 24.000 евра помалку од досегашниот основен модел S 500. Моделот со трилитарски бензинец со турбонатполнење се испорачува стандардно со погон на сите тркала 4Matic и според германскиот ценовник чини 99.690 евра. Според производителот, потрошувачката на гориво изнесува 8,3 литри во просек.

Разликата во моќноста со осумцилиндарскиот S 500 изнесува 88 КС, но сериската опрема и натаму вклучува двозонска автоматска клима, диодни светла и пневматска амортизација. И уште многу друго.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730