177
22 shares, 177 points

Автоматизираните автомобили досега се пуштаа главно на покуси релации. Еден добавувач планира неговиот автомобил да ја извози цела територија на САД без интервенција на возачот.

Добавувачот на автоиндустријата Delphi ќе го докаже потенцијалот на роботизираните автомобили со „самостојното“ возење на маратонска рута од Сан Франциско до Њујорк, по целата тетиторија од западниот до источниот брег на САД. Тест возилото Audi SQ5, опремено со техниката за автоматизирано возење од Delphi, ќе совлада 5.500 километри по автопат без интервенција на возач. Планот е возилото да се појави во Њујорк на 3-ти април, точно пред отворањето на салонот на автомобили во светската метропола.

Возилото е опремено со радари и камери, како и со лидар-сензори коишто работат со ласерска техника. Роботизираниот автомобил на долгото патување ќе има задача да се престројува меѓу лентите во тековен сообраќај, да преминува крстосници и да престигнува други возила на патот. Автономното возење, сепак, ќе се практикува само на автопатиштата и на споредните патишта, додека контролата при возење во град ќе ја преземе возачот. Причина за тоа не е незрелоста на техниката, туку правната регулатива, којашто уште не ги прифаќа овие автомобили во дел од државите низ коишто минува рутата. Delphi очекува да собере преку два терабајта вредни податоци од ова самостојно возење, коишто потоа ќе се користат за технологијата подобро да се приспособува кон светлосните, временските и сообраќајните услови.

Повеќе фирми тестираат на јавни патишта со автономни возила. Audi лани пушти таков автомобил да извози од Силиконската Долина до саемот за електроника во Лас Вегас. Volvo исто така тестира цела флота од возила во Гетеборг. И гигантот Google е во игра. Експертите предвидуваат дека на овие автомобили ќе им биде дозволено да возат самостојно по автопатиштата во 2020 година, за пет до десет години подоцна да им се овозможи автономија и во градовите.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

177
22 shares, 177 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743