155
21 shares, 155 points

Во европските земји е подобро да не се одбива алкотест кога тоа ќе го побара полицијата. Казните во некои земји може да бидат неверојатно високи.

Доколку возач во Австрија одбие проверка на присуството на алкохол во организмот, полицијата автоматски претпоставува вредност од 1,6 промил алкохол. Покрај тоа, возачот може да плати парична казна во висина од 1.600 до 5.900 евра. Странските возачи добиваат и забрана за возење по австриските патишта во времетраење од шест месеци.

Одбивањето алкотест во Холандија се води како кривично дело

Одбивањето проверка на присуство на алкохол преку здивот или преку земање примерок крв во Холандија се води како казнено дело. Според тоа, возачот е обврзан да прифати проверка на присуство на алкохол. Единствен исклучок е тој да поседува лекарска потврда дека од медицински причини е спречен да направи алкотест. Но, во тој случај, следува земање примерок крв заради тестирање. За одбивање тест се предвидува карична казна од 1.000 евра и забрана за управување возило во времетраење од девет месеци.

За „Одбивање мерки за утврдување на неспособноста за возење“ во Швајцарија се предвидува парична, но и затворска казна до три години. Висината на паричната казна се одредува според приходот. Казната во Луксембург се движи меѓу 500 и 10.000 евра. Можна е и затворска казна од три денови до осум години.

Жеден возач греши исто колку пијан возач

Во Франција, одбивањето алкотест повлекува парична казна во висина до 4.500 евра или затворска казна до две години. Италија пропишува казна од 1.500 до 6.000 евра и лишување од слобода во времетраење од три до дванаесет месеци. Возачите во Шведска кои ќе одбијат проверка на алкохол преку здивот, принудно се упатуваат на земање крв за проверка и се притвораат.

Македонските сообраќајни закони предвидуваат парична казна од 500 евра и забрана за управување моторно возило во времетраење од 12 месеци доколку возачот одбие алкотест.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

155
21 shares, 155 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *