Користени возила

Овој автомобил е ноќна мора за Британците

Се расипува секој втор месец и поправката чини по 550 фунти или 700 евра: Тоа е автомобилот комбиниран од најрасипливите модели според британските осигурителни компании.

Со процена на 50.000 активни осигурителни полиси за автомобили, британските осигурителни компании го создадоа монструмот наречен 40RR0R, како комбинација од најрасипливите автомобили во секоја категорија според којашто се оценува издржливоста на автомобилите. Со менувач од Jeep, електрика од Mercedes и мотор од BMW, ова возило е автомобилски Франкенштајн, монструм од најрасипливите делови.

Ова се составните делови на 40RR0R:

Мотор од BMW M5 (генерација 2004 – 2011)
Оски и суспензија од Audi RS6 (2002 – 2011)
Менувач од Jeep Grand Cherokee (2006 – )
Електрика од класата R на Mercedes (2004 – )
Сопирачки од Fiat Multipla (1999 – 2005)
Климатизација од Seat Alhambra (1996 – )
Управување од Chrysler 300 C (2005 – )

Наспроти овој фиктивен автомобил што за среќа нема да се произведе никогаш и на секои два месеца бара по 700 евра за поправка, „нормалната“ статистика на Британците открива дека две од пет возила се расипуваат еднаш во годината, а поправката во просек чини околу 450 евра. Моделите од коишто е составен 40RR0R покажуваат дека само една компонента што е „слаб прстен“ во синџирот може да го уништи имиџот на автомобилите што инаку важат за издржливи.

Две петини од возилата Audi RS6 бараат посета на сервисната работилница заради поправка на оските и суспензијата барем еднаш годишно, додека три од секои 10 примероци од Mercedes R-Class имаат проблеми со електриката. Проблемите со менувачите се поретки, но според статистиката, еден од десет примероци на Jeep Grand Cherokee еднаш годишно има дефект во менувачот. Една четвртина од примероците од BMW M5 бараат поправка на моторот еднаш годишно, исто колку што и Fiat Multipla има проблеми со сопирачките. Chrysler 300C не е особено познат по спортската возливост во свијоци, но и без тоа кај десет проценти од возилата се јавуваат проблеми во управувањето еднаш годишно. Исто толкав е процентот на сопствениците на Seat Alhambra коишто мораат еднаш годишно да извршат поправка на нивниот клима уред.

loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729