171
22 shares, 171 points

Дванаесет спрејови за чистење кокпит се најдоа на тестот на германското здружение за техничка контрола. Половината од нив покажаа задоволителни резултати. При изборот сепак треба да се внимава, затоа што некои средства можат да ги оштетат воздушните перници.

Во редовното одржување на автомобилот секако дека е неизоставно чистењето на кокпитот и останатите пластични делови во кабината. Германското здружение за техничка контрола предупредува да се внимава при изборот на средството за чистење на кокпитот. Некои средства содржат голема количина разредувачи, како терпентин, ацетон или други течности што лесно испаруваат.

Тие помагаат полесно да се отстранат нечистотиите и дамките, но во одредени ситуации можат да ја нагризаат површината на модулот на воздушните перници. Материјалот на тој начин може да стане порозен и при активирање на воздушните перници при судир постои опасност пластичните делови од арматурната табла да се откачат и да предизвикаат сериозни повреди.

Кои средства за чистење кокпит ги препорачува здружението?

На споредбеното тестирање беа избрани дванаесет средства за кокпит. Победник на тестот е Caramba Cockpit-Spray Fresh со оцена „особено се препорачува“, пред шест останати средства со истата оцена. Според редоследот на нивниот пласман, тоа се: Nigrin Cockpit-Spray, Aral Cockpit Spray, PrimAuto Cockpit, ArmorAll, Sonax Cockpit и RS 1000 Cockpit. Пет производи добија само обична „препорака“. Тоа се производите од марките biloxxi, Liqui Moly, Meguiar‘s, Aero и Audi, обично со додаток „кокпит“ или „средство за чистење ентериер“ во името.

sredstva-za-kokpit

Оценувањето се вршеше во четирите главни категории нанесување, чистење / ефикасност, подносливост и цена. Нанесувањето се оценува врз основа на комплетноста на информациите за користење што се прикажани на амбалажата, дозирањето, размачкувањето и обилноста.

Нечистотиите „се печеа“ во климатска комора од -20 до +60 степени Целсиузови

Секако дека најмногу бодови носеше тестирањето на ефикасноста на чистењето на пластичните површини во кокпитот. Шест табли за тестирање беа поставени во климатска комора, за нечистотиите на нив да се „запечат“ на температури од -20 до +60 степени Целсиусови. Средствата беа соочени со предизвикот да ги отстранат трагите од прашина, хемиско пенкало, петпроцентен раствор на сол, мешан сок од портокал со кока-кола, макијато и маст за подмачкување. Овие средства се отстрануваа соодветно на упатството за ракување со производот.

Секако дека пластичните површини не смее да се оштетат. Покрај тоа, се проверуваше дали средствата можат да предизвикаат лизгање на гумените патосници. Овие средства во никој случај не смее да се користат за чистење на гумата на педалите или на воланот, затоа што можат да предизвикаат лизгање.

Маста за подмачкување е голем предизвик за повеќето средства за кокпит

Генерално, за сите средства на тестирањето може да се даде задоволителна до одлична оцена. Најголеми проблеми предизвика маста за подмачкување, со којашто половината од средствата не успеаја да се изборат целосно. Прашината и растворот од сол, а изненадувачки и мешавината од сок од портокал со кока-кола, се отстрануваат лесно од пластиката во кабината. Сите средства се покажаа делотворни во тој поглед.

Пред купувањето средство за чистење на кокпитот, прочитајте ги советите од производителот коишто се однесуваат на пластиката што е вградена во возилото. Треба да се внимава средството да не содржи разредувачи. Средството за чистење се користи само за намената што е наведена на упатството од производителот.

Рангирање на средствата за чистење кокпит на споредбениот тест

1-6 место Caramba

Cockpit Spray Fresh

Nigrin Cockpit Spray Aral

Cockpit Spray

PrimAuto Cockpit ArmorAll

за длабинско чистење

Sonax

Cockpit Spray

Пакување Спреј Спреј Спреј Пумпа Пумпа Спреј
Содржина во ml 400 400 300 750 300 400
Цена (во Германија, во евра) 4,45 4,75 6,99 2,00 8,35 5,95
Форма Цврста пена Кремаста пена течност течност течност течност
Примена 60 66 56 45 57 57
Упатство 8 8 8 6 7 9
Дозирање 12 20 12 5 16 8
Размачкување 16 16 12 12 12 16
Обилност 16 16 16 12 12 16
Миризба 8 6 8 10 10 8
Чистење / Ефикасност 267 259 280 257 272 251
Отстранување нечистотија 112 104 120 112 112 96
Отсуство на траги 30 30 30 30 30 30
Избледување 30 30 30 30 30 30
Сјајност 20 20 20 20 20 20
Антистатско дејство 30 30 30 30 30 30
УВ-заштита 25 25 30 25 30 25
Лизгање 20 20 20 10 20 20
Цена 41 41 29 5 25 38
Крајна оцена 428 417 416 412 411 403

Рангирање на средствата за чистење кокпит на споредбениот тест (продолжение, 7-12 место)

7-12 место RS 1000

Cockpit

biloxxi

Cockpit

Liqui Moly

Cockpit

Meguiar’s

Detailer

Aero

Cleaner

Audi

Cockpit

Пакување Спреј Спреј Спреј Пумпа Пумпа Спреј
Содржина во ml 400 300 300 475 473 300
Цена (во Германија, во евра) 4,79 2,60 4,45 11,29 23,99 8,75
Форма Течност Течност Течност Течност Течност Течност
Примена 51 54 57 42 48 57
Упатство 9 10 9 7 6 9
Дозирање 12 12 12 5 8 12
Размачкување 12 12 12 12 16 12
Обилност 16 16 16 12 12 16
Миризба 2 4 8 6 6 8
Чистење / Ефикасност 264 250 247 262 280 255
Отстранување нечистотија 104 100 104 112 100 100
Отсуство на траги 30 30 30 30 30 30
Избледување 30 30 30 30 30 30
Сјајност 20 20 20 20 20 20
Антистатско дејство 30 30 30 30 30 30
УВ-заштита 30 30 23 30 30 25
Лизгање 20 10 10 10 40 20
Цена 41 44 38 29 2 23
Крајна оцена 401 399 396 393 390 383

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
22 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743