143
19 shares, 143 points

Новитети на автомобилската сцена нема да недостигаат ниту во 2017 година. Значајни моделски имиња пристигаат во нова генерација, секоја празнина на пазарот се пополнува со соодветен модел, се смислуваат нови споеви на автомобилски концепти. Како и на почетокот на секоја година, производителите ветуваат дека нивните нови модели ќе бидат уште подопадливи, посовремени, поукрасени, побрзи, посилни, и што е најважно, со пониска емисија на штетни материи.

Осумдесет милиони автомобили треба да излезат од производствените ленти и во текот на 2017 година, откако лани светските производители на автомобили за првпат во историјата ја надминаа оваа звучна граница. Браншата во моментов нуди повеќе од 4.500 најразлични модели на светскиот пазар, а во следните дванаесет месеци само на европскиот пазар ќе дебитираат над 150 нови или освежени генерации модели.

Веќе на 9-ти јануари претстои првото салонско соочување на големите марки

Салонот во Детроит со почеток на 9-ти јануари е првата поголема бина на којашто автомобилските производители ќе ги претстават новитетите, за потоа да следат Женева (7-ми март), Сеул (30-ти март), Франкфурт (12-ти септември) и Токио (25-ти октомври). Но, големите салони на автомобили повеќе не се единствената лансирна рампа за новите модели, што се докажува и со масовното присуство на автомобилските гиганти на салонот за потрошувачка електроника во Лас Вегас, кој почнува на 4-ти јануари.

Тука ги избравме само најважните новитети на автомобилските марки за европскиот пазар во 2017 година, наведени според редоследот на абецедата.

Марката со четирите прстени во новата година ќе има голема динамика на претставување нови модели. Купето Audi A5 и спортската верзија S5 ќе се појават во верзија без покрив, кросоверот Q2 ќе добие купе-изведба и спортска верзија SQ2, од компактниот теренец Q3 ќе произлезе верзија со продолжена каросерија, A4 Avant и A5 ќе се појават под знакот на RS – заедно со RS Q5, спортското купе R8 ќе се понуди во подостапна изведба со мотор V6, додека знаменосецот Audi A8 и купе-лимузината A7 ќе пристигнат во комплетно нова генерација.

Audi Prologue Concept

Audi Prologue

Alfa Romeo ја подготвува комби изведбата од Giulia, како каросериска верзија којашто традиционално наидува на голем интерес во средната класа и сосем веројатно ќе се надоврзе на успехот на лимузината, особено ако се земе предвид и дизајнерската мајсторија на миланската марка.

Bentley Continental GT

Bentley Continental GT

Британците се откажуваат од ЕУ, но не и од освежување на моделската гама, кадешто пристига нова генерација на Bentley Continental GT. За разлика од постоечкиот модел, новакот повеќе нема да користи иста платформа со Volkswagen Phaeton, туку ќе се базира на Audi Q7. Реално за очекување е моќност од околу 600 КС.

BMW X2 Concept

BMW X2

BMW ќе ја претстави новата генерација на M5, како најсилна „петка“ во историјата, со моќност од близу 650 КС и за првпат достапна во комбинација со погон на сите тркала. Паралелно со екстремнта спортска лимузина ќе се појават и новите генерации на GT-верзијата – отсега како член на серијата 6, како и комбито Touring. Купето и купе-лимузината од серијата 6 ќе добијат моделско освежување, исто како и BMW M4, а на тоа се надоврзуваат и „олеснетиот“ M2 CSL, кросоверот X2 и нова генерација на X3. Се очекува дека верзија со четири седишта од купето со хибриден погон BMW i8 ќе биде претставена на саемот за електроника во Лас Вегас веќе во јануари.

Dacia Duster II

Дачија Дастер

Спектакуларна вредност од седумстотини коњски сили донесува новиот Chevrolet Corvette ZR1. На спротивниот хиерархиски крај пристигаат новите генерации на Citroen C3 Picasso и C4 Aircross. Важна премиера ќе има и освежениот романски теренец Dacia Duster, на когошто ќе му се придружи и продолжена верзија со седум седишта. Парите се вреднуваат многу поразлично во Маранело. Само доплатата за оптимираниот Ferrari 488 GTB Speciale наспроти стандардниот модел чини повеќе од двапати од вредноста на теренецот на Dacia. Толку чини симнувањето стотина килограми од тежината и зголемувањето на моќноста на 700 КС кај италијанската марка. Со истата моќност се очекува да вози и новата генерација на California.

Honda CR-V

Наспроти тоа, спортот е присутен само во името кај кросоверот Ford EcoSport, кој во новата година ќе добие моделско освежување. Љубителите на марката со синиот овал ќе се радуваат и на новиот Focus и на кросоверот врз негова основа, исто како и на Fiesta RS и Focus RS500 од спортското одделение Ford Performance. Во истиот правец се движи и Honda со новиот Civic Type R со моќност од 310 КС. Како важен новитет од јапонската марка пристига и петтата генерација на Honda CR-V.

Lamborghini Aventador S

Британците во новата година ги имаат Jaguar F-Pace SVR со најмалку 550 КС и комби-изведбата на моделот од средната класа XF. Нема мирување ниту за корејската марка Kia, од којашто ќе ни пристигнат спортскиот модел GT, нова генерација на Picanto и кросовер на база на Rio. Една буква понапред и на спротивниот крај на пазарната понуда вози Lamborghini, со „олеснетиот“ Huracan Superleggera, преработениот Aventador S и со теренецот Urus. Спортските автомобили се домен и на британската марка McLaren, којашто за салонот во Женева ја подготвува премиерата на наследникот на 650S, чијашто моќност ќе порасне на 700 КС, па соодветно и ознаката ќе се смени во 700S.

Mercedes-AMG Gran Turismo Concept

Mercedes-AMG Gran Turismo Concept

Не е далеку со моќноста и комби-изведбата од класата E на Mercedes во верзијата Mercedes-AMG E 63, со погон на сите тркала и со 612 КС во посилната изведба со додавка S. Истиот возачки спеклакл ќе го приредува и екстремната верзија на GLC 63. Тука не завршува скалата на моќност на марката со сребрената ѕвезда. На домашен терен, на салонот во Франкфурт, пристига Mercedes-AMG R50, со 1.300 КС и со задача да ги помести границите на суперспортските автомобили. Следува и освежување на S-Class, старт на продажба на кабриолетот и купето од E-Class, нова генерација на G-Class и нов Sprinter.

Opel Insignia Grand Sport

Opel Insignia Grand Sport

Важна година претстои за Mitsubishi, со сериска реализација на концептот eX со електричен погон, како и со премиера на купе-теренецот Outlander Sport. Новитетите под знакот на Nissan се фејслифтот на X-Trail и на кросоверот Qashqai, но и нова генерација на Juke. Голема моделска офанзива следува од Opel, кој ќе ги претстави Crossland X и Grandland X, како кросовери во замена за класичните ванови. „Напнато“ е кај Ampera-e, компактниот модел со електричен погон, што поставува нови стандарди со досегот од 500 километри – најблиску до моделите на Tesla коишто играат во сосема различна ценовна лига. Најмногу интерес кај марката од Риселсхајм сепак ќе привлече втората генерација на Insignia, отсега со додавка Grand Sport, со 15 сантиметри подолга каросерија и двестотини килограми помалку од претходникот.

Porsche Panamera Sport Turismo

Французите ги имаат подготвено фејслифтот на компактот Peugeot 308, нова генерација на 508 и спортска верзија 2008 GTi. Густо е во агендата на Porsche, од кадешто доаѓаат фејслифт на 911 GT3 и на 911 GTS, но и купе изведба од Panamera, комби-купе Panamera Sport Turismo, и најважното, трета генерација на Cayenne, со тежина намалена за тристотини килограми.

Volvo 40.1 Concept

На слична бранова должина пристига и Land Rover Discovery. На лансирната рампа на Renault се наоѓаат старо-новата спортска марка Alpine, кросовер во гамата на Clio и спортската верзија Megane RS со над 300 КС. Шпанската марка на Volkswagen има важна премиера на Seat Ibiza. Чесите ќе ја претстават освежената Skoda Fabia, додека од шведскиот Volvo со нетрпение се очекуваат новите XC40 и XC60.

Toyota FT-1

Toyota FT-1

Спортските гени повторно проработуваат во Toyota, којашто ќе ни ја донесе новата генерација на Supra, развиена врз заедничка платформа со BMW. Списокот на новитети го заокружува Volkswagen, со продолжената каросериска изведба Tiguan XL, со нов знаменосец Arteon, шеста генерација на Polo, трета генерација на Touareg и сериска реализација на концептот T-Roc, како кросовер изработен врз основа на Golf.

Редакцијата на Automedia Ви посакува Среќна Нова Година!


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

143
19 shares, 143 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3813