Користени возила

Овие модели се најрасипливи според извештајот на TUV

Германското здружение за технички преглед секоја година го објавува извештајот за технички дефекти кај возилата, којшто важи како еден од најважните независни советници за возачите и претставува голема помош при купување користено возило. Извештајот на TUV произлегува од резултатите од редовниот технички преглед на возилата во Германија. Во последниот извештај се опфатени дури 8,9 милиони технички прегледи, извршени меѓу јули 2015 и јуни 2016 година.

Во последниот извештај на германското здружение за технички преглед TUV се опфатени вкупно 224 модели на автомобили и резултати од техничките прегледи на девет милиони автомобили. Во споредба со минатата година е намалена стапката на знајачни технички дефекти што контролорите на Здружението ги откриле при техничкиот преглед на возилата, од 22,6 на 19,7 проценти. Оваа вредност се зголемува како што стареат возилата и во категоријата на возила стари меѓу десет и единаесет години, 27,1 проценти од нив имале значајни дефекти.

За сите што некогаш се прашале зошто некои навидум солидни модели на автомобили се поевтини од останатите на плацот со користени возила, во петте табели во продолжение се наоѓаат одговорите. Овие модели, особено во категориите со најголема старост, по правило би требало да се избегнуваат како избор на користено возило, или барем добро и стручно да се проверат пред да се донесе крајната одлука за нивно купување.

Десетте модели со највисока стапка на значајни дефекти по категории на старост

до 3 години   до 5 години  
Марка и модел Стапка Марка и модел  Стапка
134. Kia Sportage 11,5 124. Dacia Logan 22,6
133. Kia Sorento 11,2 123. Renault Kangoo 18,5
132. Chevrolet Captiva 11,0 122. Fiat Panda 18,4
131. Chevrolet Spark 10,6 121. Dacia Sandero 18,1
130. Fiat Punto 10,5 120. Chevrolet Cruze 17,8
129. Dacia Logan 9,8 119. VW Fox 15,4
128. Ford Ka 9,4 118. Chevrolet Spark 15,3
126. Fiat 500 9,2 116. Fiat 500 15,0
126. Dacia Duster 9,2 116. Chevrolet Captiva 15,0
125. Renault Kangoo 9,0 115. Fiat Punto 14,9
124. Ford Mondeo 8,3 114. Ford Ka 14,7

 

до 7 години    до 9 години  
Марка и модел Стапка Марка и модел Стапка
117. Chevrolet Matiz 31,6 106. Renault Laguna 35,3
116. Chevrolet Captiva 29,4 105. Citroen C5 31,9
115. Renault Kangoo 27,3 104. Dacia Logan 31,5
114. Dacia Logan 25,1 102. VW Sharan 30,1
112. VW Fox 23,8 102. Renault Megane 30,1
112. Renault Twingo 23,8 101. Chevrolet Matiz 30,0
111. Citroen C4 23,7 100. Renault Kangoo 29,9
110. Hyundai Tucson 22,3 99. Chevrolet Captiva 29,5
109. VW Sharan 21,8 98. Alfa Romeo 147 29,3
108. Fiat Panda 21,6 97. Ford Ka 29,0
107. Kia Rio 21,1 96. Peugeot 307 28,8

 

до 11 години  
Марка и модел Стапка
86. Mercedes Benz M-Class 42,0
85. Kia Sorento 38,4
84. Renault Laguna 38,1
83. Alfa Romeo 147 37,8
82. Chevrolet Matiz 36,5
81. Renault Kangoo 36,0
80. Ford Galaxy 35,6
79. VW Sharan 35,4
78. Renault Megane 34,9
77. Ford Ka 34,6
76. Renault Scenic 33,6

 

Следете ја Automedia.mk

Тест на летни гуми на клубот АДАК