Користени возила

Овие модели се најиздржливи според извештајот на TUV

Германското здружение за технички преглед секоја година го објавува извештајот за технички дефекти кај возилата, којшто важи како еден од најважните независни советници за возачите и претставува голема помош при купување користено возило. Извештајот на TUV произлегува од резултатите од редовниот технички преглед на возилата во Германија. Во последниот извештај се опфатени дури 8,9 милиони технички прегледи, извршени меѓу јули 2015 и јуни 2016 година.

Вкупно 224 модели на автомобили и резултати од техничките прегледи на девет милиони автомобили се опфатени во последниот извештај на германското здружение за технички преглед TUV. Во споредба со минатата година е намалена стапката на знајачни технички дефекти што контролорите на Здружението ги откриле при техничкиот преглед на возилата, од 22,6 на 19,7 проценти. Оваа вредност се зголемува како што стареат возилата и во категоријата на возила стари меѓу десет и единаесет години, 27,1 проценти од нив имале значајни дефекти.

Некои модели сепак ја сочувуваат техничката исправност повеќе од другите. Во продолжение се десетте најиздржливи модели, односно моделите со најмала стапка на значајни дефекти, во пет категории на старост.

Десетте модели со најмала стапка на значајни дефекти по категории на старост

 до 3 години до 5 години
Марка и модел Стапка Марка и модел Стапка
1. Mercedes Benz GLK 2,1 1. Mercedes Benz SLK-Class 2,9
1. Porsche 911 Carrera 2,1 2. Audi A6/A7 4,2
3. Mercedes Benz B-Class 2,2 3. Audi TT 4,4
4. Mercedes Benz A-Class 2,3 4. Audi Q5 4,8
5. Mercedes Benz SLK-Class 2,4 4. Porsche 911 Carrera 4,8
6. Mazda 2 2,5 6. Mitsubishi ASX 5,0
6. Mercedes Benz M/GL-Class 2,5 7. Audi A1 5,4
8. Opel Adam 2,6 8. BMW X1 5,6
8. Opel Mokka 2,6 8. Hyundai IX20 5,6
10. Audi Q5 2,7 8. Mazda 3 5,6
8. Mercedes Benz GLK 5,6

 

до 7 години   до 9 години   
Марка и модел Стапка  Марка и модел  Стапка
1. Mazda 3 6,8 1. Porsche 911 Carrera 9,9
2. Porsche 911 Carrera 7,4 2. Audi TT 11,5
3. Audi TT 7,7 3. Mazda 2 12,4
4. BMW X1 8,0 4. Mercedes Benz SLK-Class 12,8
5. Toyota Avensis 8,1 5. Toyota Auris 12,9
6. Audi Q5 8,8 6. VW Golf Plus 13,0
6. VW Golf Plus 8,8 7. Toyota Corolla Verso 13,2
8. Mercedes Benz GLK 8,9 8. Toyota Yaris 14,5
9. Toyota Yaris 9,8 9. Mercedes Benz C-Class 14,7
10. Mercedes Benz E-Class 10,1 10. Mini R55-R59 14,9
10. Mercedes Benz SLK-Class 10,1

 

до 11 години  
Марка и модел Стапка 
1. Porsche 911 Carrera 10,4
2. Toyota Corolla Verso 15,8
3. Mercedes Benz SLK-Class 17,4
4. Toyota RAV4 17,8
5. Honda CR-V 18,0
6. Toyota Avensis 18,1
7. Audi TT 18,2
8. Ford Fusion 18,3
9. Toyota Corolla 18,8
10. Mazda 2 18,9
Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами