157
20 shares, 157 points

Според последните статистики што во чекор ја следат продажбата на преку 2.700 модели во 140 држави во светот, Corolla и Golf и натаму ја предводат продажбата. Но, спортските теренци се појавуваат сé порано на списокот.

Во првите четири месеци од годинава, глобалната продажба на автомобили забележала раст од 2,7 проценти, со 30,3 милиони примероци. Toyota Corolla како најпродаван модел во светот има пад од 1,6 проценти, со 431.045 примероци, но тоа се должи на рекордната ланска продажба, кога јапонската компактна лимузина стана прв автомобил што се продал во повеќе од 1,3 милион примероци за период од една година.

Вториот најпродаван модел во светот, Volkswagen Golf, и покрај последиците од „дизалгејтот“во САД и намалената продажба на овој пазар, сепак успеа да забележи раст од 0,4 проценти во првите четири месеци и исто така е на пат да надмине еден милион продадени примероци до крајот на годинава. Серијата пикапи Ford F се продава одлично и постигна раст од 9 проценти, приближувајќи се кон второто место на Golf. Пикапот го замени третото место во продажбата со Ford Focus, кој има значителен пад од 13,4 проценти и 261.027 продадени примероци.

Најпродаваниот спортски теренец е веќе на 6-то место на светската ранг листа

Петтото место во светот му припаѓа на Vоlkswagen Polo. Тоа е најдобар пласман во историјата за малечкиот брат на Golf, иако неговата продажба се намали за 1,6% во споредба со првите четири месеци лани. Високиот пласман на Polo се должи на падот на продажбата на Wuling Hongguang (на 10-то место, -17,7%) и на Hyundai Elantra (на 9-то место, -20,0%).

Смена на позицијата на најпродаван спортски теренец во светот се случи меѓу Honda CR-V и Toyota RAV4. Моделот на Toyota го презеде водството од Honda, но затоа обата модела напредуваа значително и веќе се наоѓаат на 6-то и 7-то место на најпродавани автомобили во светот. Најголем напредок бележи Volkswagen Lavida, кој воедно е најпродаван автомобил во Кина, искачувајќи се за шест места на светската ранг листа. За осум места напредуваше и Honda Civic, со 197.950 продадени примероци, додека Hyundai Tucson постигна сензационален скок од цели 99 места, искачувајќи се на 18-то место со 179.297 примероци, што е за околу шест илјади примероци повеќе од сестрискиот модел Kia Sportage на 19-то место.

Меѓу најпродаваните 50 модели во светот има само еден новодојденец, кинескиот Baojun 560, кој се најде на 29-то место со 138.012 продадени примероци. Не е изненадување тоа што станува збор за спортски теренец.

Поз. ‘16 Поз. ‘15 Марка и модел Продажба ‘16 Промена ‘15 (во %)
1 1 Toyota Corolla 431.035 -1,6
2 2 Volkswagen Golf 357.962 0,4
3 4 Ford F-Series 309.759 9,0
4 3 Ford Focus 261.027 -13,4
5 7 Volkswagen Polo 244.755 -1,6
6 13 Toyota RAV4 221.112 12,6
7 10 Honda CR-V 219.563 7,1
8 8 Toyota Camry 219.409 -9,9
9 5 Hyundai Elantra 211.904 -20,0
10 6 Wuling Hongguang 207.158 -17,7
11 17 Volkswagen Lavida 200.963 18,1
12 14 Chevrolet Silverado 200.357 2,3
13 21 Honda Civic 197.950 16,5
14 11 Volkswagen Jetta 193.363 -3,6
15 16 Toyota Hilux 186.963 1,5
16 19 Ram Pick-up 186.473 10,8
17 9 Volkswagen Passat 180.693 -15,6
18 117 Hyundai Tucson 179.297 186,4
19 25 Kia Sportage 173.094 21,0
20 34 Great Wall Haval H6 166.271 39,5
21 12 Ford Fiesta 161.946 -18,9
22 20 Renault Clio 158.873 -3,8
23 18 Volkswagen Tiguan 157.598 -7,0
24 24 Honda Accord 156.159 6,7
25 22 Mazda 3 150.369 -1,3
26 23 Skoda Octavia 149.417 0,4
27 30 Nissan Qashqai 145.097 14,2
28 15 Chevrolet Cruze 144.137 -22,9
29 Baojun 560 138.012
30 26 Toyota Yaris 137.539 -2,6
31 41 Nissan X-Trail 133.028 20,6
32 42 Toyota Prius 132.153 21,9
33 28 Hyundai Sonata 131.939 -0,4
34 31 Audi A3 126.126 2,6
35 32 Nissan Altima 124.455 2,6
36 65 Jeep Cherokee 119,841 32,4
37 33 Mazda CX-5 118.033 -2,1
38 44 Peugeot 208 115.495 8,0
39 54 Volkswagen Sagitar 115.415 20,0
40 49 Nissan Sentra 114.120 10,7
41 36 Ford Escape 113.124 0,6
42 40 Baojun 730 112.875 2,1
43 27 Honda Fit 112.307 -15,8
44 29 Mercedes C-Class 109.165 -15,2
45 35 Volkswagen Santana 108.056 -5,6
46 45 Chevrolet Malibu 107.602 0,9
47 89 Buick Excelle GT 106.841 46,4
48 53 Nissan Rogue 104.377 7,1
49 39 Opel Corsa 103.677 -6,5
50 46 Ford Fusion 103.012 -2,6

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
20 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743