за

Ова се светските автомобили на годината: Mazda, BMW, Audi, Toyota

Жирито од новинари од 23 држави избра светски автомобил за оваа година да биде Mazda MX-5. Се гласаше и за најспортскиот, најлуксузниот, најеколошкиот и најдобро дизајнираниот автомобил во светот.

Титулата на светски автомобил за оваа година му припадна на родстерот Mazda MX-5. Тоа е завршницата од светскиот маратон кој започна со список од 23 нови модели, за потоа изборот да се сведе на десет и во финалето да се најдат само три модели: Audi A4, Mazda MX-5 и Mercedes-Benz GLC.

Mazda MX-5 постигна двојна победа, со изборот на светски автомобил на годината и победа во категоријата за најдобар дизајн, пред Audi Q7 и Volvo XC90
Mazda MX-5 постигна двојна победа, со изборот на светски автомобил на годината и победа во категоријата за најдобар дизајн, пред Mazda CX-3 и Jaguar XE

Жирито на изборот за светски автомобил на годината го сочинуваат 73 еминентни автомобилски новинари од 23 држави. Патот до светскиот автомобил започна на салонот во Франкфурт, продолжи на Лос Анџелес, за потоа на салонот во Женева да бидат објавени трите финалисти и сега на салонот во Њујорк да се прогласат победниците во петте категории на изборот.

Победата на родстерот е уште поубедлива со неговиот избор за најдобро дизајниран автомобил во светот. Mazda MX-5 во оваа категорија ги победи Jaguar XE и Mazda CX-3. Шестмина врвни дизајнери ги избираат трите финалисти, за кои потоа гласаат членовите од жирито. Во категоријата на најдобар спортски автомобил во светот учествуваа девет модели од првичната листа на кандидати. Тука победи Audi R8, пред Honda Civic Type-R и Mercedes-AMG C 63 Coupe.

Серијата 7 на BMW беше најубедлива за жирито во поглед на луксузот, пред Audi Q7 и Volvo XC90
Серијата 7 на BMW беше најубедлива за жирито во поглед на луксузот, пред Audi Q7 и Volvo XC90

Серијата 7 на BMW најмногу го убеди жирито во поглед на понудениот луксуз. Во оваа категорија, баварскиот знаменосец годинава се натпреваруваше во финалето со Audi Q7 и Volvo XC90. Победата во последната, но не и најмалку значајна категорија за најеколошки автомобил во светот, најоправдано ја заслужи автомобилот со погон на водород Toyota Mirai, каде што како противници во финалето му останаа Chevrolet Volt и Toyota Prius.

Ова се досегашните носители на титулата на светски автомобил на годината: Mercedes-Benz C-Class (2015), Audi A3 (2014), Volkswagen Golf (2013), Volkswagen Up! (2012), Nissan Leaf (2011), Volkswagen Polo (2010), Volkswagen Golf (2009), Mazda2 / Mazda Demio (2008), Lexus LS460 (2007), BMW серија 3 (2006) и Audi A6 (2005).

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jaguar ќе произведува „нови“ олдтајмери од легендарниот XKSS

За 25 години од Skoda Favorit до Skoda Superb