146
21 shares, 146 points

Покрај сите видови на избори на автомобил на годината што постојат низ светот, не е изненадување дека постои и избор на модел-автомобил.

Магазинот „Модел Фарцојг“, очигледно германски, по 27-ми пат ги избираше најубавите минијатурни автомобили на годината. За победниците се решаваше во 22 категории, жири беа гласовите на читателите.

Најмалиот размер во којшто се изработени овие автомобилски соништа е стандардниот 1:87, додека кандидатот за награда во годинашниов избор е четирипати помал од вистинската големина.

Во категоријата на „автомобилски класици“ победи Volvo Amazon во изработка на фирмата Wiking, кој е воедно и најевтиниот модел меѓу годинашниве победници, со цената од 13,99 евра. На врвот на ценовната скала се наоѓа дречливо жолтиот Lamborghini Huracan во размер 1:8. Овој припадник на категоријата „Китови за составување во повеќе размери“ го носи печатот на прочуената фирма Pocher и воопшто не изненадува тоа што неговата цена изнесува 699 евра.

„ Супер – автомобилче “ на годината е камион вреден близу 700 евра

Незначително поевтин е „супермоделот на годината“, Mercedes LO 2750 Renntransporter од производителот CMC. Транспортерот на тркачки автомобили е апсолутен победник во сите категории, како најубав модел-автомобил за годинава. Камионот по пример на оригиналот од 1934 година е изработен во размер 1:18 и чини 694 евра. Секако дека овие цени се однесуваат на германскиот пазар.

Наградата за иновација годинава ја освои издавачката куќа Францис. Тие изработија кит за составување на моторот на Porsche 911 од 1966 година. „Боксерот“ е четирипати помал од оригиналот и изработен е исклучително верно на оригиналот, со помош на експертите од музејот на Porsche во Цуфенхаузен.

Победници во избор на модел-автомобил на годината

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Останатите добитници:

спортски автомобил Aston Martin One-77 (од Avan-Style)

товарни возила во размер 1:87 Volkswagen T1 „Kleinschnittger“ (од Schuco)

класичари од големосериско производство во размер 1:43 Citroen DS со камп-приколка Caravelair (од Norev)

концептен автомобил Mercedes Vision GT (од Schuco)

товарни возила во размер 1:43 Opel Blitz Renntransporter (од Schuco)

малосериско производство во размер 1:43 Volkswagen Beetle во доставна изведба (од Schuco)

мотоцикли Triumph Speed Twin во размер 1:12 (од Minchamps)

земјоделски машини во размер 1:32 и 1:43 Eicher Wotan (од Weise-Toys, во размер 1:32)

актуелен модел во размер 1:18 Volkswagen T6 Multivan (од NZG)

колекционерски во различни размери Porsche 911 Turbo (во размер 1:12, од Minichamps)

китови за составување во размер 1:87 Lanz Eilbulldog со приколка за јаглен (од Weinert)

китови за составување во размер 1:43 Opel Kadett GT/E „W. Röhrl“ (од Scala43)

китови за составување во размер 1:24/25 (патнички автомобили) Mercedes-AMG GT (од Revell)

китови за составување во размер 1:24/25 (товарни возила) Citroen HY Van (од Ebbro)

Модели со далечинско управување, економска класа VW Käfer, (од Jamara, размер 1:18)

Модели со далечинско управување, бизнис класа Mercedes-Benz Arocs 3362 6×4 (од Tamiya, во размер 1:14)

слот-автомобили во размер 1:32 Mercedes-AMG GT3 (од Carrera)

слот-автомобили во размер 1:2Ford GT Le Mans (од Carrera)

топ-марка на годината:

  • Minichamps и Wiking (колекционери)
  • Revell (китови за составување) Tamiya (модели со далечинско управување)
  • Carrera (слот-трки)

топ-марка за пример:

  • Mercedes-Benz

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
21 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730