142
19 shares, 142 points

Статистичарите ги објавија резултатите за глобалната продажба на автомобили за март. Најмногу напредува Nissan X-Trail, одлично се држи и Audi A3, додека Toyota Corolla е на пат кон нов рекорд.

Глобалната продажба на патнички автомобили во првите три месеци од годинава се зголеми само за 2,5 проценти во споредба со истиот период лани, со вкупно 22,15 милиони примероци или само половина милион возила повеќе отколку во првиот квартал од минатата година. Само во март има пораст од 3 проценти, наспроти 0,6 и 3,8 проценти во јануари и февруари. До крајот на годинава се предвидува продолжување на растот и задржување на позитивниот тренд во шестата година во континуитет. Проценката на пазарните аналитичари очекува 90,1 милиони продадени патнички автомобили во 2015.

Јапонците пред нова рекордна година за продажбата на Corolla

Toyota Corolla продолжува да напредува со 117.573 нови регистрирани автомобили во март, што е за 8,3 проценти подобро отколку во ланскиот март. Доколку се задржи трендот, Corolla до крајот на годината ќе достигне продажба од рекорден 1,35 милион примероци. Второто место на најпродавани патнички автомобили во март му припаѓа на Golf, со 96.535 примероци или 15,0 проценти повеќе од ланскиот март. Гледано за првите три месеци, порастот изнесува дури 21,3 проценти. Веднаш зад Golf следи конкурентот Ford Focus, иако неговата продажба е во минус од 20 проценти.

opel corsa ndvr2Фејслифтот не ѝ го донесе посакуваниот успех на Opel Corsa. Со 81.918 примерок во првите три месеци и на 25-то место во светот, нејзината продажба не достига ниту половина од Polo со 184.168 примероци на 9-то место, а далеку се и конкурентите Ford Fiesta (149.834), Toyota Yaris (122.817), Renault Clio (101.117) или Honda Jazz со 101.017 примероци

Пет од останатите седум модели меѓу првите десет имаат негативни резултати, со исклучок на Wuling Hongguang на 8-то и Volkswagen Polo на 9-то место, со пораст од 5,5 и 7,8 проценти. Двоцифрен пораст во продажбата бележи Toyota RAV4 на единаесеттото место, загрозувајќи го десеттото место на Honda CR-V, како најпродаван теренски автомобил во светот. Одлични бројки постигнува и класата С на Mercedes, чијашто продажба се зголеми за 35,1 проценти на 44.077 примероци, но таа и натаму заостанува зад лидерот во овој сегмент, серијата 3 на BMW, со 48.123 примероци.

Mazda 3 напредуваше на 22-то место со одлични +34,6 проценти, но најголемиот напредок сепак го бележи Nissan X-Trail, којшто со 36.125 продадени примероци постигна зголемување од сензационални +88,7 проценти. Повеќе од солидно се пробива и премиум компактот Audi A3, чијашто продажба достигна 36.212 возила во март, со плус од 39,9 проценти и доволно за 34-то место на најпродавани модели на глобално ниво.

Ранг листа на 50-те најпродавани модели во светот во март
# Марка и модел Март 2015 Прв квартал ’15 Mарт ’15-’14 Прв квартал ’15-’14
1 Toyota Corolla 117.573 312.792 8,3% 9,1%
2 Volkswagen Golf 96.535 258.989 15,0% 21,3%
3 Ford Focus 84.796 214.318 -20,4% -17,0%
4 Ford F-Series 79.659 209.241 -3,5% 2,3%
5 Toyota Camry 71.553 181.174 -3,0% 2,8%
6 Hyundai Elantra 70.762 193.014 -2,3% -7,1%
7 Ford Fiesta 67.448 149.834 -14,6% -20,2%
8 Wuling Hongguang 67.350 189.432 5,5% -9,8%
9 Volkswagen Polo 65.263 184.168 7,8% -0,6%
10 Honda CR-V 57.827 153.998 -8,3% -8,0%
11 Toyota RAV4 56.511 144.041 12,4% 4,9%
12 Volkswagen Passat 53.787 156.151 -7,4% 1,7%
13 Volkswagen Jetta 53.521 146.483 -2,3% 1,3%
14 Chevrolet Cruze 53.261 148.999 -16,7% -15,4%
15 Ram Pick up 51.838 125.835 1,3% 5,9%
16 Chevrolet Silverado 50.860 140.360 8,4% 17,4%
17 Toyota Hilux 50.409 138.443 2,5% -3,4%
18 BMW 3 Series 48.123 110.528 -0,1% -9,1%
19 Honda Civic 48.044 115.311 -7,8% -16,4%
20 Toyota Yaris 46.359 122.817 -1,1% -0,2%
21 Mercedes C Class 44.077 108.433 35,1% 35,8%
22 Mazda3 42.989 109.098 34,6% 23,6%
23 Volkswagen Lavida 41.732 143.132 -3,8% -5,1%
24 Honda Accord 41.702 106.240 -11,7% -7,5%
25 Opel Corsa 41.554 81.918 18,7% 20,9%
26 Hyundai Sonata 40.231 93.506 10,9% 4,8%
27 Renault Clio 40.200 101.117 10,0% -1,8%
28 Nissan Qashqai 39.968 92.932 -10,2% -6,2%
29 Kia Sportage 38.767 101.729 -2,6% -8,5%
30 Honda Fit 38.578 101.017 -10,6% -5,1%
31 Skoda Octavia 37.576 105.538 16,0% 14,4%
32 Volkswagen Tiguan 36.696 122.105 -16,8% -7,3%
33 Buick Excelle 36.587 107.368 -25,7% -27,6%
34 Audi A3 36.212 88.969 39,9% 44,3%
35 Toyota Prius 36.149 93.531 -27,3% -24,3%
36 Nissan X-Trail 36.125 79.667 88,7% 75,9%
37 Nissan Altima 35.592 95.794 -9,9% -1,6%
38 Foton Light Truck 35.009 68.431
39 Hyundai ix35 34.313 88.999 -3,3% -9,1%
40 Mazda CX-5 33.791 89.065 -6,1% -4,3%
41 Hyundai Santa fe 33.153 80.345 -9,0% -14,7%
42 BMW 5 Series 31.822 87.823 0,9% -0,9%
43 Volkswagen Santana 31.686 86.570 29,8% 8,4%
44 Ford Fusion 31.680 77.672 -11,8% -9,7%
45 Great Wall Haval H6 31.497 87.905 25,3% 29,2%
46 Peugeot 308 31.431 85.534 42,8% 29,2%
47 Ford Escape 30.864 79.342 -9,3% -6,7%
48 Nissan Rogue 30.803 72.676 35,7% 22,5%
49 Honda N-Box 30.633 69.499 15,0% 14,9%
50 Toyota Aqua 30.414 73.170 -2,4% -6,2%

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

142
19 shares, 142 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *