за

Оваа постројка произведува дизел од јаглерод диоксидот во воздухот

Во Канада е претставена постројка што го користи јаглерод диоксидот од атмосферскиот воздух за од него да произведе погонско гориво. Проблем е што системот засега е прескап и троши премногу енергија.

Во канадскиот крајбрежен град Сквамиш е претставена пробна постројка што го извлекува јаглерод диоксидот од околниот воздух и во следната фаза од него произведува керозин и дизел. Харвардскиот професор Дејвид Кит, основач на претпријатието Карбон Инженеринг што раководи со системот, предвидува дека при индустриски степен на производство и користење сончева енергија може да се добијат погонски горива по цена од 1 долар за литар.

При индустриски степен на производство и со користење на сончева енергија, може да се постигне цена од 1 долар за литар дизел
При индустриски степен на производство и со користење на сончева енергија, може да се постигне цена од 1 долар за литар дизел

Системот работи со ѕид од големи вентилатори, наречен контактор, кадешто воздухот се пропушта низ течност што реагира со јаглерод диоксидот во воздухот. Потоа, добиениот раствор со висока концентрација на јаглерод диоксид, низ повеќе технолошки процеси се преработува во гасовиден јаглерод диоксид. Во следниот степен, на чиешто усовршување ќе се работи најмалку уште една година, гасот се комбинира со водород што е добиен по пат на електролиза, во керозин или дизел.

Слични технологии во минатото се пропагираа со аргументот дека можат да придонесат за значително намалување на јаглерод диоксидот во атмосферата, а со тоа и за забавување на климатските промени. Но, тоа останува сон. Овие системи се премногу скапи за во нив да се произведува неоходната масовна количина. Слично е со секвестрацијата на CO2 од издувните гасови од електраните што работат со фосилни горива. Друг проблем е тоа што за нивната работа е потребна огромна количина енергија. Развојот, сепак, продолжува. Бил Гејтс, инаку, е еден од инвеститорите во проектот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi ќе го замени Lancer Evo со екстремен спортски кросовер

Yamaha ќе претстави автомобил на салонот во Токио