Норвешка им покажува црвен картон на автомобилите со бензински и дизел мотори. Од 2025 година, во скандинавската земја ќе може да се регистрираат само возила со електричен погон.
Водечката земја во електромобилноста во светот ќе направи уште еден чекор напред во следните години и целосно ќе се ориентира на електричниот погон. Од 2025 година, во Норвешка ќе се продаваат само возила со погон на струја. Се очекува уште Парламентот да го одобри овој план. Во моментов, едно од четири новорегистрирани возила во кралството се движи на струја, а електричните возила учествуваат со три проценти во вкупниот возен парк на територијата од Осло до Киркенес.
Покрај автомобилите, ќе се овозможи и електричните велосипеди да постигнат поголем удел во сообраќајот, со цел да се намали загаденоста на воздухот со штетни материи. Сообраќајниот план за периодот меѓу 2018 и 2029 година предвидува вложување една милијарда евра во изградба на мрежа од велосипедски патеки, иако нерамната конфигурација на теренот и долгите зимски ноќи не се совршен услов за возење велосипед во скандинавската земја. Но, токму електричниот погон на велосипедите овозможува полесно да се совладуваат и нагорнините. До 2030 година, емисијата од сообраќајот ќе се намали за половина во споредба со сегашните вредности. Покрај тоа, се планира користењето на автомобилите да не се интензивира понатаму до 2030 година.
За првпат во плановите за електромобилноста се вклучуваат и товарните возила. Во 2030 година, според плановите, сите доставни возила и 75 проценти од туристичките автобуси ќе возат на струја, односно или со погон на батерии или со погон на водород. До овој рок, половина од камионите исто така ќе се префрлат на електричниот погон. Од амбициозните планови не се исклучени ниту бродовите. Во следните 14 години, четириесет проценти од бродовите на куси релации ќе треба да преминат на биогориво или на погон со ниска или нулта емисија на штетни материи.
Норвешка планира сето тоа да го реализира и покрај скусувањето на поволностите за возачите на електрични автомобили. Државните субвенции во прво време ќе се задржат на актуелното ниво, но и тие постепено ќе се намалуваат со текот на годините. Истото ќе важи и за градската патарина, којашто ќе почне да се наплатува и за електричните возила. Моментно овие возила смеат бесплатно да ги користат сите паркиралишта. Во иднина ќе се воведат класи според коишто ќе се наплатува паркингот.
А, аирлија. Па и на наша глаа. Некни глеаф и нија че сме клајле таквија колој, ама рокот бил до 2500 година. Кој чека, ќе дочека ми, како !