Вести

Нов светски рекорд на Нирбургринг – на две тркала

Вообичаените времиња на тркачката патека во Нирбургринг што се вредни за рекорд се движат од околу осум минути за брзите компакти до помалку од седум минути за суперспортистите. Но, каков е тој рекорд од 45 минути и 59 секунди? Тоа е времето што на кинески каскадер му беше потребно да ги извози дваесетте километри по Северниот јазол на Нирбургринг, на две тркала.

Дваесет километри и 832 метри, 72 свијоци и висинска разлика од 300 метри – сето тоа на две тркала. Кинезот Јуе Хан постави светски рекорд на Северниот јазол со својот Mini Cooper. Нирбургринг е омилено место за зависниците од адреналин и рекодни времиња, а со сегашниот рекорд за возење на две тркала, легендарниот „Зелен пекол“ е побогат за уште време што чека да се собори.

Стартувајќи од височинката Детингер, 46-годишниот каскадер го сврте своето Mini на две тркала со помош на рампа и се упати по патеката на којашто возачите се соочуваат со тешки проблеми и на четири тркала. Јуе Хан ги совлада беспрекорно и најтешките делници, како „старата мелница“ и „потокот“, кои доброупатената публика ги посочи како клучни места. Фабричкиот возач на кинескиот тим на Red Bull пристигна на целта на одушевување на публиката по 45:49,11 минути.

„Зелениот пекол со право го носи своето име“, коментираше Јуе Хан по рекордното возење. „Чинам дека денес се соочив со сите четири годишни времиња на Северниот јазол. Мократа патека и сонцето направија предизвикот да биде уште потежок.“ Тазепрогласениот светски рекордер имаше мали проблеми уште во почетокот, со гумите наполнети со вода и разладувани со вода во текот на возењето.

Хан е актуелен рекордер и во паралелно паркирање во тесен простор

Ова не е прв светски рекорд за кинескиот тркач, кој меѓу другото вози во туристичката класа, на рели и во кинеското првенство во дрифт. Пред неполни две години, Јуе Хан го „излизга“ својот Mini Cooper меѓу два паркирани автомобила, со по само осум сантиметри растојание од нив. Овој светски рекорд во паркирање уште важи.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729