за

Hyundai заминува, нов партнер на УЕФА е Volkswagen

volkswagen uefa partnerstvo

На местото на корејскиот Hyundai доаѓа Volkswagen, кој во следните четири години ќе биде партнер за мобилност на УЕФА. Германците ќе го искористат Европското првенство во 2020 година за промоција на електричниот I.D.

Добредојдена замена на спонзорскиот фронт на европскиот фудбал. На местото на корејскиот Hyundai, фудбалот на стариот континент во следните четири години ќе биде подржуван од Volkswagen, како нов партнер за мобилност на УЕФА. Марката од Волфсбург нема да пропушти Европското првенство во 2020 година да го искористи како моќна трибина за промоција на електричниот I.D.

Volkswagen и УЕФА: Европски фудбал под европска марка

Volkswagen го најавува I.D. како „новиот Голф“. По компактот со електричен погон, кој ќе стартува со продажба паралелно со европското првенство, марката ќе понуди уште неколку модели со погон на струја. Голем е предизвикот да се биде партнер за мобилност на Еуро 2020. Првенството првпат се одржува во 13 држави, во знак на одбележувањето на неговата 60-годишнина.

Париз 2016: Volkswagen I.D. е „голфот“ од 2020 година?

Околу 1,7 милион нови возила со тркалезниот амблем на марката се продадени на европскиот пазар лани. VW е присутен во сите 55 држави членки на УЕФА. Производството на континентот се одвива во 21 фабрика во седум држави, со околу 150.000 вработени.

Освен Еуро 2020, пакетот за партнерство ги опфаќа првенствата за жени, за подмладокот, фудбал во сала и финалето на новоформираната Лига на нации на УЕФА, којашто премиерно ќе се одржува во 2019 година. Volkswagen ќе биде присутен како спонзор за мобилност во повеќе од 500 натпревари во четиригодишниот период.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Alpina B3 S Bi-Turbo

Alpina B3 S Bi-Turbo е џентлменската алтернатива на BMW M3

хакирање техника на автопилот

Како да надитриш вештачка интелигенција на автопилот