126
17 shares, 126 points

Досега беа потребни скапи лакови и екстравагантни фолии за автомобилот да заличи со мат или неонска боја. Специјалистот Foliatec има подобро решение: Нанесување фолија со пиштол за лакирање.

Едни сметаат дека мат лаковите во стил на воените возила се грди, други се одушевуваат од нив и ги сметаат како последна мода. Истото се случува и со бандажите или браниците во неонски бои. Но, постојано има некои нови работи.

Лаковите порано служеа само да го заштитат автомобилот од кал, удари од камчиња, од стареење и од гребаници при паркирање. Во 1980-те се појавија металик лаковите, коишто им дадоа нов изглед на автомобилите, а во исто време понудија и подобра заштита од гребаници. Последниот моден крик се мат лаковите, коишто неретко се нанесуваат во знак на протест против монотонијата во автомобилскиот дизајн. Почитувањето на законите на аеродинамиката исто така придонесе автомобилите на нашите улици сé повеќе да личат еден на друг.

Овие седум бои се достапни на почетокот, вклучувајќи три мат бои. Подоцна ќе следуваат и неонски бои
Овие седум бои се достапни на почетокот, вклучувајќи три мат бои. Подоцна ќе следуваат и неонски бои

Најголемиот недостаток на мат лаковите е цената. Мат лакот кај класата А на Mercedes чини 2.100 евра, а за верзијата AMG од CLS доплатата изнесува дури 4.400 евра. Конкурентот BMW ја наплатува бојата на „замрзната бронза“ 3.300 евра. Поевтино решение е каросеријата да се обложи со фолија. За овој макотрпен процес се неопходни меѓу 30 и 50 работни часови. Со европските цени на работен час, поставувањето на фолијата повторно достигнува најмалку илјада евра.

Специјалистот Foliatec постојано изнаоѓа нови начини за возачите да постигнат изглед на нивниот автомобил што се разликува од другите. Од следната година, секој ќе може сам да ја „прелакира“ својата кола, со користење на фолија што се нанесува со пиштол за лакирање. Продажбата на новите сетови за „фолирање“ од Foliatec ќе стартува во следниот март. Овие сетови се состојат од течна фолија, разредувач, маска за дишење и пиштол за лакирање.

Цената на сетовите уште не е точно прецизирана, но може да се очекува таа да се движи меѓу 400 и 500 евра. Од Foliatec тврдат дека рестилизирањето не мора да се врши во специјална комора за лакирање, туку работата може да се заврши и во сопствената гаража. Во секој случај, потребно е искуство со лакирање, заради спречување на капење на бојата и постигнување рамномерна боја. Новата фолија за прскање се отстранува лесно по сушењето, исто како класичната фолија.

За нетрпеливите и за оние што можат да користат професионална комора за лакирање, фолијата за прскање може да се набави веќе од јануари, по цена од 50 евра за литар, односно 199 евра за петлитарска туба. За комплетно лакирање се неопходни меѓу осум до десет литри. Во почетокот се достапни седум бои, вклучувајќи мат црна, мат зелена и мат црвена. Подоцна ќе се нудат и лакови во дречливи неонски бои.

https://www.youtube.com/watch?v=iPbKcvdTalM


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

126
17 shares, 126 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *