за

Нови безбедносни стандарди во возилата од 2018 година

безбедносни стандарди, системи за спречување судир, тест адак

Европскиот Парламент бара сите нови автомобили на европскиот пазар стандардно да поседуваат самостојно запирање при опасност од судир, интелигентен темпомат и предупредување за безбедносни појаси за сите седишта. Со повисоките безбедносни стандарди, ЕУ ќе биде водечка во светот.

Околу 26.000 лица загинале на патиштата во ЕУ во минатата година. Црната статистика останува непроменета цели три години. Поради тоа, Комисијата на ЕУ бара построги безбедносни стандарди за новите возила што ќе се продаваат на европскиот пазар. Се предлага безбедносната опрема стандардно да вклучува автоматско запирање при опасност од судир, интелигентно регулирање на брзината и потсетник за неврзан ремен на сите седишта. Овие технологии, имено, значајни се исто колку безбедносниот ремен, но неопходни се нови закони со коишто оваа техника ќе биде задолжителна во новите автомобили.

Актуелните безбедносни стандарди потекнуваат уште од 2009 година

Предлогот за новите безбедносни стандарди се очекува да биде готов до март следната година, по што за истиот треба да гласаат земјите членки на Унијата и Парламентот на ЕУ. Актуелните безбедносни стандарди не се сменети уште од 2009 година.

Производителите на автомобили во САД се согласија автоматското запирање при опасност да стане стандард во 2022 година. Овој систем веќе се нуди како опција или како стандард во голем број модели на европскиот пазар.

Системот за интелигентно регулирање на брзината моментно го нудат Ford, Honda, Mercedes-Benz, Peugeot-Citroen, Renault и Volvo. Тој помага возачот да не ја пречекори дозволената брзина, но по потреба може лесно да се исклучи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

водородниот погон, Toyota Mirai

Водородниот погон ќе отвори 30 милиони работни места

греење на моторот во место

Зошто е штетно моторот да се загрева во место