за

Новите модели од сериите 7 и 8 на BMW со кралски пречек во М Кар

BMW М Кар премиера 7, X7, 8 Coupe

Во македонскиот BMW синоќа имаше уште една демонстрација на правилото дека премиумот во премиум марките не го сочинуваат само автомобилите, туку подеднакво е важна и сцената што се гради околу марката и нејзините модели. Премиери на три суперпрестижни и суперскапи моделски серии на баварците: X7, купе од серијата 8 и моделско освежување на серијата 7.

Инспирирани од приказната за луксузниот и независен стил, компанијата М Кар во својот продажен салон, во софистицирана елеганција, со престижна 7-степена гала вечера вчера ги промовираше трите водечки BMW модели од луксузниот сегмент. Првиот BMW X7, новиот BMW 7 и сосема новиот BMW 8 Coupe, ја доживеаја својата македонска премиера зрачејќи со чиста моќ, префинетост и авторитет.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во одлично расположение и воодушевени од моќните автомобили, присутните гости на официјалната промоција – највлијателната македонска бизнис елита, како и ВИП-претставници од политичкиот живот и дипломатскиот кор, уживаа во несекојдневното премиум искуство. Покрај промоцијата на авангардните автомобили, програмата вклучуваше кратка елегантна изведба на балетот “Лебедево езеро“ на Чајковски, како и рафиниран музички перформанс во духот на претставениот луксузен сегмент на брендот BMW.

Специјален гостин на настанот беше македонската музичка легенда, Влатко Стефановски, кој придонесе за неспоредлива енергија на настанот и со посебна стихотворна изведба – преработка на оригиналната реклама, сликовито го претстави сосема новиот BMW 8 Coupe

Трите претставени премиум автомобили ветуваат луксузно моторно но и духовно искуство и неверојатна слобода. Првиот BMW X7 не само што внесува нов член во семејството X, туку и дефинира прогресивен пристап кон луксузот за BMW брендот. Со израз на уникатност, премиерниот BMW X7 е првиот автомобил кој ја спојува ексклузивноста на луксузен модел со големината и пространоста, при тоа пропратени со агилни и многубројни возни перформанси, типични за еден SAV модел.

New photo by Automedia MK / Google Photos

И покрај величествениот изглед, првиот BMW X7 остава впечаток на леснина и агилност благодарение на пуристичкиот дизајн и атлетскиот стил. Тој е прв автомобил кој нуди 22-инчни бандажи и седум првокласни седишта за удобно возење – неспоредлив комфор што се протега дури до третиот ред седишта. Автомобилот има импресивен дизајн и најголема бубрежна решетка во историјата на BMW.

BMW Individual опциите за опрема го издигнуваат BMW X7 до посебно ниво на ексклузивност. Во внатрешноста, спојот на висококвалитетни декоративни елементи: crafted clarity апликации од стакло, рачно доработени уметнички дела од кристално стакло за менувачот и други контроли, висока-квалитетната мерино кожа, амбиенталното светло, Sky Lounge и панорамскиот стаклен покрив се само дел од карактеристиките создаваат неверојатна атмосфера и искуство при возењето.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Новиот BMW 7 се карактеризира со уште помускулесто присуство и попрецизна елеганција. Новиот дизајн на внатрешноста на луксузната лимузина го прикажува својот престиж и статус поживописно од кога било. За доминантниот и силен изглед е заслужна и бубрежната решетка, чија површина е зголемена за околу 40 проценти. Самата маска создава нова стилска нишка на карактерот на моделите на BMW од луксузната класа. Внатрешноста е раскошна со површини обложени со шнирана Nappa кожа, со проширена и подобрена звучна изолација.

Новите системи како BMW Operating System 7.0 и BMW Intelligent Personal Assistant во комбинација со дигиталната инструмент табла и контролниот екран поставуваат нови стандарди за удобно возењe. Покрај маската, опсежното освежување на дизајнот на предниот крај – што сега се подига 50 мм повисоко, има особено истакната улога во давањето посилен визуелен впечаток на новиот BMW 7. Моделот повторно ќе се нуди во две варијанти на каросерија, од кои подолгата варијанта ќе нуди повеќе простор за патниците на задните седишта благодарејќи на дополнителните 14 см во растојанието меѓу оските.

Покрај луксузните BMW X7 и BMW 7, ѕвезда на вечерта беше сосема новиот BMW 8 Coupe – еден од најуникатните и најатрактивните автомобили на марката BMW

BMW 8 Coupe е навистина страствен и моќен автомобил со фантастичен изглед, создаден за вистинско уживање на патот. Мобилно чувство на слобода во вистинска смисла на зборот. Овој модел има хармонична силуета, долга хауба и поголемо меѓуоскино растојание, кое гарантира дека автомобилот ќе биде удобен при долги патувања, а од друга страна ќе совладува одлични резултати на тркачките стази, со што ја заврстува својата позиција и во категоријата „Gentlemen’s racers“.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Втората генерација на овој модел е претставена по скоро 20 години, и ова е модел кој е вистински „brand shaper”, при што многу од неговите дизајнерски и технолошки иновации ќе бидат понатаму пренесени на остатокот од гамата.

Претставените модели се веќе во продажба. Понудата на мотор за новиот BMW 7 опфаќа бензински и дизел мотори со шест, осум и дванаесет цилиндри, како и сосема нов хибриден погонски систем. Кај новиот BMW X7 ќе бидат достапни BMW X7 xDrive40i, BMW X7 xDrive30d, BMW X7 M50d.

BMW 8 Coupe доаѓа со две агрегатни опции: 840xd koj има познат 6-цилиндричен BMW дизел мотор и е единствен дизел во класата со моќност од 320 КС и забрзување од 4,9 секунди до 100 km/h, а 850xi има нов V8 twin бензински мотор со 530 КС и забрзување од 3,7 секунди до 100 km/h.

Фотографии од настанот:
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

BMW M8 ќе понуди „петта димензија“ на конфигурирање

Спортска лимузина од серијата 8 на BMW влегува во врвната лига

Будимпешта доби 240 возила BMW и Mini за изнајмување на улица

Серијата 3 на BMW прв избор на пазарот на користени

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes a-class limuzina

Mercedes во април продавал во просек 8.300 возила дневно

tesla Тејлор Џексон

Двојка снимила жешки сцени во автопилотирана Tesla, се јави и Илон Маск