за

Новите автомобили ги исполнија еколошките цели на ЕУ

2. RENAULT CLIO, продадени примероци 166,623 (+2.3%)

Потрошувачката на гориво на новите автомобили во последните три години се намали за 14 проценти. Со тоа производителите се во границите на идните еколошки норми што ги постави ЕУ.

Производителите на автомобили се наоѓаат на добар курс во битката за намалување на емисијата на СО2. Просечната вредност на емисијата на јаглероден диоксид на 11,8 милион нови автомобили продадени во ЕУ во минатата година изнесува 126,7 грами на километар, што соодветствува на потрошувачка на гориво од 5,4 литри бензин, односно 4,8 литри дизел. Со тоа производителите веќе се под граничната вредност од 130 грами СО2 на километар, што европската агенција за екологија ЕЕА ја постави за 2015 година. Во споредба со 2010 година, новите автомобили се поштедливи за 14 проценти.

Меѓу производителите со продажба поголема од 100.000 возила предводи Renault. Со 96,4 g CO2/km, францускиот производител е единствен под границата од 100 грами. Потоа следат Toyota (102,2 g), Peugeot (105,7 g) и Citroen (106,9 g). На спротивниот крај на списокот е Jaguar/Land Rover со просек од 164,6 грами CO2/km.

Иако уделот на автомобилите со погон на струја и натаму е мошне мал, се забележува тренд на рапидно зголемување на продажбата. Пред четири години во ЕУ биле регистрирани само 700 електрични автомобили, додека во минатата година нивниот број достигнал веќе 25.000 автомобили.

Агенцијата сепак наведува дека податоците што се измерени според „новиот европски циклус на возење“ не се репрезентативни за потрошувачката на гориво во реални услови на возење. Потрошувачката на гориво и емисијата се поголеми за една петина, односно дури за една третина кај поголемите возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Продажбата на Audi порасна за десет проценти

Ducati Panigale со најсилниот двоцилиндарец на сите времиња