за

Новиот Mercedes од класата C доаѓа в година

Новата генерација на класата C на Mercedes е најавена за 2014 година и уште од стартот ќе биде достапна во три каросериски изведби. Во идното лето ќе стартуваат лимузината, комбито и купето, а во 2015 година како каросериски новитет ќе им се придружи и купе на база на моделот од средната класа на Mercedes. Марката од Штутгарт очекува дека со претставувањето на новата генерација ќе го спречи падот во продажбата на моделот. Во споредба со продажбата на конкурентските модели од премиум марките, односно Audi A4 и серијата 3 на BMW, моделот со сребрената ѕвезда и натаму е во предност.

Најголемата предност на новата генерација ќе биде во лесната конструкција на возилото и во штедливите мотори. Понудата на погонски единици ќе стартува со 1,6-литарскиот турбо бензинец со 156 КС и ќе завршува со четирилитарски V8 во моделот со знак на AMG, со 462 КС. Покрај класичните мотори ќе стојат на располагање и две хибридни изведби на моделот, едната како благ хибрид, а втората со можност за полнење на батериите со приклучување во струја.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mazzanti е новата суперспортска марка од Италија

Политиката ги расипа менувачите на Volkswagen