135
18 shares, 135 points

Четвртата генерација на Kia Rio ќе има деби на салонот во Париз кон крајот на септември. По неодамнешните скици, Kia сега ги објавува и првите фотографии од бестселерскиот модел, кој продолжува со самоуверен каросериски дизајн и стилски изведен ентериер.

Kia ја подготвува премиерата на новата генерација на Rio за салонот во Париз и денес ги објави и првите фотографии од моделот. Верно на претходно објавените скици, четвртата генерација на Kia Rio се појавува со значајни промени во стилот на каросерискиот дизајн и со модерен ентериер. Производството на европската изведба на Rio ќе стартува кон крајот на годинава. Kia Rio е најпродаван модел на марката, со над 473.000 продадени примероци низ светот лани.

Тигарскиот нос останува како заштитен знак на Kia

Највпечатлив детал во предниот дел е маската со препознатливиот „тигарски нос“, заедно со новата форма на светлата. Диодните дневни светла прават половина круг околу главните светла, што му дава карактеристичен потпис на Rio. Иако ширината на каросеријата се зголеми само за 5 милиметри, на 1.725 милиметри, предниот дел на новиот модел изгледа пошироко и „поцврсто прилепен“ за земја отколку кај претходникот. За тоа најмногу придонесуваат проширената маска, во комбинација со потесни светла и магленки што се поставени во самите краеви.

kia rio iv 00002

Новиот карактер на Kia Rio се забележува најмногу отстрана. Подолгата хауба и меѓуоскиното растојание продолжено за 10 милиметри (2.580 милиметри) ѝ даваат поправилни пропорции на каросеријата, додека исправените задни столбови и задно стакло, заедно со покусиот каросериски превис одзади, се грижат за моќен изглед на Rio.

Страничниот раб се протега по целата должина на возилото, почнувајќи уште од предната маска, што исто така внесува силен печат во изгледот. Овој раб продолжува и во опашот, внесувајќи впечаток за стабилност во појавата. Диодните светла во форма на стрелки додаваат и впечатлив светлосен акцент ноќе. Нoвиот Rio е долг 4.065 милиметри (+15 mm) и висок 1.450 милиметри (-5 mm).

Дизајнерите постигнале формите во кокпитот да оддаваат поубедлив квалитет

Хоризонталните линии доминираат и по целата должина на кокпитот, произведувајќи впечаток на ширина. Од претходникот останува карактеристичната лента со прекинувачи во средишната конзола, во стилот на класичните италијански лимузини, но истата сега е повеќе накосена кон возачот, што придонесува за полесно ракување. Со внесување повеќе функции за ракување преку големиот средишен дисплеј значително се намали и бројот на прекинувачи во кокпитот.

kia rio iv 00004

Зависно од пазарот и моделската изведба, новиот Kia Rio ќе поседува црни и сиви облоги на седиштата, како и црни, сиви и црно-црвени облоги од вештачка кожа. Стил во амбиентот внесуваат бројните метални елементи и површини со висок сјај во црна боја.

Дизајнот на каросеријата и на внатрешноста на новиот Kia Rio е дело од дизајнерските центри во Франкфурт и Ирвајн, Калифорнија, во соработка со главниот центар на марката во корејскиот Намјанг.

Светската премиера на Rio ќе се одржи на салонот во Париз, на 29-ти септември.

[FAG id=25342]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
18 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *