185
23 shares, 185 points

Таму кадешто Tesla Model S со најголемите батерии мора да запре на полнач, на Fisker Emotion ќе му преостанат уште триесетина километри за возење. Данскиот дизајнер и претприемач Хенрик Фискер се враќа на автомобилската сцена со нов електромобил, со впечатлив изглед и со иновативна батериска техника.

Данскиот дизајнер Хенрик Фискер има нов електричен автомобил и нова фирма. Fisker Emotion се одликува со иновативна батериска техника, којашто овозможува рекорден досег. Луксузната купе-лимузина со четири врати ќе се појави пред јавноста премиерно во текот на следната година.

Сосема очекувано од човекот што стои зад дизајнот на BMW Z8 или Aston Martin DB9 и V8 Vantage, новиот автомобил изгледа впечатливо и со тоа ќе го привлекува вниманието дури и кога би имал обичен погон. Исто така е сосема очекувано и тоа што Emotion потсеќа на Karma, хибридниот автомобил на когошто не му се посреќи во времето кога (требаше да) стартува на пазарот приближно во исто време со Tesla Roadster.

fisker emotion (4)

Шасијата и каросеријата на спортската лимузина се изработени од алуминиум и карбон, што ќе се погрижи за ниска тежина во комбинација со висока цврстина. Батериите потекнуваат од Fisker Nanotech, заедничка фирма на Fisker и Nanotech Energy. Вторава е огранок на калифорнискиот универзитет UCLA и има за цел да ја комерцијализира иновативната батериска технологија базирана на графен, место на вообичаената литиум-јонска технологија.

Револуционерна „батериска“ техника обезбедува посебно место за Fisker

Графенот нуди основа за батерии со својства што се супериорни во споредба со постоечките: Мобилни телефони место со часови ќе се полнат за половина минута; животниот циклус е речиси неограничен во споредба со литиум-јонските батерии; енергетската густина е повисока, што значи за ист капацитет е потребно батериите да имаат помали димензии и тежина; густината на моќност е 300 пати повисока во споредба со литиум-јонот. Во принцип дури и не станува збор за батерии, туку за суперкондензатори.

„Тешко е да се опишат својствата на графенот без суперлативи. Со дебелина од само еден атом, тој е милион пати потенок од човечката коса, но е 200 пати посилен од челик. Електричната спроводливост е подобра од бакарот, подобра од се што пропушта топлина и струја. Тој има екстремна флексибилност, отпорен е на вода, проѕирен, комплетно органски, достапен … тоа е само почеток.“

nanotech energy

Со револуционерната технологија што се смета како пронајдок на 21-от век, Fisker Emotion ќе постигнува автономија до 400 милји, односно 640 километри. Тоа е повеќе од актуелниот шампион и несуден конкурент Tesla. Од фирмата на Фискер засега не откриваат други детали околу способностите и можностите на електричната лимузина, но судејќи според низата предности што ги нуди графенот, може да се очекува екстремно кусо полнење, компактни димензии, ниска тежина – веројатно и пониска или барем споредлива цена со актуелната батериска техника.

Хенрик Фискер не пропушти да изведе спектакл и во поглед на функционалноста на каросеријата: Патниците пристапуваат во возилото преку четири врати што се подигнуваат, таканаречени пеперутка-врати. Иако надворешноста укажува поинаку, кабината ќе нуди изобилство простор за патниците, особено во поглед на просторот на задната клупа. За престојот во кабината ќе биде важно и тоа што сите патници ќе можат да пристапат до мултимедискиот систем во возилото. Fisker Emotion ќе располага и со низа системи за асистенција, вклучувајќи секако и технологија за автономно возење.

fisker emotion (2)

Претходната фирма на Данецот, Fisker Automotive, немаше среќа. Хибридниот Fisker Karma стартуваше со продажба во 2011 година, со дволитарски мотор од Opel, којшто работеше заедно со генератор, за полнење на батериите и испорака на енергија до двата електромотора со по 161 КС за задните тркала. Во периодот од јули 2011 до декември 2012 се продадоа околу 2.450 примероци од Karma. Главниот проблем беа батериите, добавувани од американски производител. Судбината ја запечати ураганот Сенди, уништувајќи 330 примероци што чекаа за испорака.

Поради интерни проблеми, Фискер го напушти сопственото претпријатие во почетокот на 2013 година, а на крајот на годината следеше стечај на Fisker Automotive. Кинези ја купија фирмата, ја преименуваа во Karma Automotive и планираат да ја произведуваат оригиналната спортска лимузина како Karma Revero.

Fisker Emotion ќе биде претставена во јавноста во средината на следната година. Тогаш Данецот ќе го објави и датумот кога ќе стартува продажбата.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

185
23 shares, 185 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730