за

Новиот BMW X3 пристига в година, верзијата од M GmbH ќе вози со 500 КС

Следната генерација на BMW X3 ќе мора добро да се потруди да го продолжи успехот на претходниците. Помалиот X1 веќе созреа во сериозен спортски теренец, а силна конкуренција ќе доаѓа и од Mercedes GLC и новиот Audi Q5.

На следната генерација на BMW X3 нема да ѝ биде толку лесно како досега. Конкуренцијата од премиум сегментот веќе ја сфати лекцијата и се спротивставува со темелно преработениот Mercedes GLC и со Audi Q5, кој исто така пристига комплетно освежен во втората половина од годинава, а не смее да се превиди и постоењето на Jaguar F-Pace или Porsche Macan. Фановите на баварската марка сепак ќе мора да се уште малку повеќе, затоа што следната генерација на X3 пристига дури на крајот на 2017 година. Веднаш по неа пристигаат и новите X5 и X7.

Прототипи од идниот BMW X3 веќе се во напредна фаза на тестирање до серискиот старт
Прототипи од идниот BMW X3 веќе се во напредна фаза на тестирање до серискиот старт. Новата генерација на моделот ќе се базира врз платформата од идната серија 3

Неколкуте бледи освежувања на BMW X3 не му помогнаа премногу на теренецот од средната класа и годините веќе му се покажуваат. Покрај тоа, помалиот брат X1 по преоѓањето на новата платформа UKL доживеа пораст во сите димензии на каросеријата и исто така му се заканува на актуелниот модел. Тоа ќе повлече пораст во димензиите и на X3, но во исто време ќе се случи и намалување на тежината за околу 100 килограми, согласно актуелниот тренд во браншата.

Највпечатливата промена во изгледот ќе ја донесат новите диодни светла, кои ќе бидат потесни и со поагресивен дизајн. Во страничната силуета ќе доминира силно изразениот раб по целата должина на каросеријата. Назад исто така ќе работат светла со диодна техника.

Во поглед на техниката, идниот X3 ќе користи колку е можно повеќе модули од следната генерација на серијата 3 на BMW. Прашање е дали Баварците и натаму ќе ги нудат поевтините изведби на моделот со погон само на задната оска, со оглед на фактот што досега постоеше само незначителен интерес за овие верзии со ознака sDrive. Затоа е мошне веројатно дека новиот X3 ќе се нуди само во верзија xDrive. За преносот на сила ќе се грижи шестстепен менувач во послабите изведби, додека посилните модели ќе добијат осумстепен автоматик.

Новиот X1 го „притиска“ идниот X3 да добие пораст во димензиите и во софистицираноста на техниката и опремата
Новиот X1 го „притиска“ идниот X3 да добие пораст во димензиите и во софистицираноста на техниката и опремата

Понудата од мотори ќе стартува со дволитарски четирицилиндарци, во бензинска и дизел изведба, со 160 КС во верзијата X3 xDrive 18d, 195 КС во xDrive 20d и 240 КС во xDrive 25d. Над нив ќе се нуди трилитарски дизел, во верзија со моќност од 280, 320 и 380 КС. Бензинците ќе покриваат дијапазон на моќност меѓу 195 и 360 КС, со тоа што посилните верзии за првпат ќе се нудат и како модели M-Performance. Како одговор на Audi RS Q5 и Mercedes GLC 55 AMG, за првпат ќе има и екстремна спортска изведба од M GmbH, со трилитарски шестцилиндарец со битурбонатполнење и моќност од 500 КС. Во план е и плагин-хибрид со техниката од актуелниот X5 xDrive 40e.

Од знаменосецот од серијата 7 ќе бидат преземени голем дел од системите за асистенција, но и импресивни ставки од дополнителната опрема, како ласерски светла, проекциски дисплеј, климатизирани седишта, безжична мрежа и амбиентално осветлување во кабината.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bosch разви педал за гас што „штеди“ гориво

Alfa Romeo ги промени плановите: Италијанците немаат план