147
19 shares, 147 points

На крајот на 2016 година пристига следната генерација на Audi Q5. Тестирањето е во напредна фаза за што сведочат и фотографиите од Поларниот Круг. Таму моментно се испробува хибридната изведба од моделот.

Во следната есен се очекува Audi да го претстави спортскиот теренец на база на актуелната генерација на Audi A4. Последната серија фотографии открива дека идниот Q5 веќе е во фаза на напредно тестирање во услови на екстремен студ во Поларниот Круг. Од фотографиите што се појавија претходно можеше да се види дека изгледот на теренецот од средната класа нема да претрпи значајни промени и ќе го следи принципот што Audi го примени кај лимузинскиот модел.

На фотографиите што се појавија есеноска се гледа дека дизајнот на Q5 нема да претрпи драстични измени. Единствено ширината на појасот е понагласена и прави горниот дел од кабинта да изгледа подинамично
На фотографиите што се појавија есеноска се гледа дека дизајнот на Q5 нема да претрпи драстични измени. Единствено ширината на појасот е понагласена и прави горниот дел од кабината да изгледа подинамично

Повеќе треба да се очекува од техниката на новата генерација на Audi Q5. Во поглед на стандардната моторизација, во Q5 ќе се вградуваат бензинските и дизелските агрегати со четири и шест цилиндри од актуелниот A4, но комплетно нова техника се очекува кај моделот со хибриден погон со надворешно полнење на батериите. Кај возилото што сега е уловено на тестирање во Поларниот Круг станува збор токму за оваа верзија на моделот, чиишто батерии се испитуваат во услови на екстремен студ и мраз, исто како и новиот погон на сите тркала e-quattro.

Бензинец и електромотор за предната оска, втор електромотор за задната оска

Audi веќе прикажа како ќе функционира овој систем, преку концептниот автомобил Allroad Shooting Brake од 2014 година. Во него работи дволитарски TFSI со 292 КС, кој во комбинација со електромотор со 54 КС и менувач со двојна спојка е задолжен за погонот на предните тркала. За задната оска се грижи електромотор со 116 КС и на тој начин се реализира погонот на сите тркала. Електромоторите се снабдуваат со струја од литиум-јонска батерија што е вградена пред задната оска и на возилото му овозможува досег при возење на струја од 50 километри.

Хибридната верзија ќе го користи погонот e-quattro од концептот allroad shooting brake
Хибридната верзија ќе го користи погонот e-quattro од концептот allroad shooting brake, кој воедно служи и како дизајнерска основа за новиот Audi Q5

Уште не е потврдено официјално кога ќе стартува со продажба хибридната изведба, но доколку се следи актуелната практика на Audi, можно е плагин-хибридот да биде претставен шест месеци по комерцијализацијата на моделите со конвенционален погон, односно во средината на 2017 година. Затоа пак, напролет пристига хибридната верзија на Audi Q7, со трилитарски дизел со 258 КС и електромотор со 128 КС. Со преоѓањето на новата модуларна платформа од Audi A4 се очекува тежината на теренецот исто така да се намали за околу стотина килограми, а во исто време да се постигне и поголема просторност во кабината, поради порационалното искористување на просторот со новата платформа.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
19 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743