171
22 shares, 171 points

Бестселерот на Audi напредуваше во сите полиња и во вообичаениот промо-жаргон поставува нови стандарди во класата, со нови мотори, ново подвозје и просторна кабина. Единствено што не се промени е изгледот.

Сензациите кај новата генерација на Audi A4 не треба да се бараат долго. Лимузината постигнува коефициент на отпор на воздух од 0,23 што секако е рекорд во класата. Соодветно на тоа, најштедливата моделска изведба, A4 2.0 TDI Ultra, ослободува само 95 грами СО2 на километар, што одговара на просек од 3,7 литри, односно помалку и од некои модели од компакт класата. Нов мотор е 2.0 TFSI со 190 КС и иновативна технологија на согорување заради поголема штедливост, најмоќниот дизел располага со 272 КС.

Повеќе простор во кабината, до 120 килограми пониска тежина на возило

Списокот на новитети можеше и да заврши тука доколку не стануваше збор за модел од премиум сегментот, којшто е обврзан да го понуди максимумот во секој поглед. Порастот во должина, на 4,73 метри и во меѓуоскиното растојание, коешто сега изнесува 2,82 метри, не е толку важен колку фактот што новиот А4 е полесен до 120 килограми од претходникот. Тоа е постигнато со примена на лесни материјали и челик со висока цврстина, со што моделот на Audi од средната класа се приближува до лидерот Jaguar XE, со целосно алуминиумска каросерија.

Микс на материјали во каросеријата на Audi A4: ладно и топло валан челичен лим, алуминиумски лив, алуминиумски профили. Заштеда во тежина од 15 kg во споредба со претходникот
Микс на материјали во каросеријата на Audi A4: ладно и топло валан челичен лим, алуминиумски лив, алуминиумски профили. Заштеда во тежина од 15 kg во споредба со претходникот

Нови стандарди може да се очекуваат и во поглед на акустичниот комфор и просторноста на кабината. Дизајнот на ентериерот ја нагласува ширината на кабината, со долга лента со отвори за проветрување во стил на Audi Q7. Со доплата е достапно амбиентално осветлување во вратите и во средишната конзола. Во поглед на боите и материјалите е применет нов концепт на линии, коишто овозможуваат уште поголем избор на можности за индивидуално креирање на ентериерот.

Багажникот во комби изведбата Avant располага со зафатнина од 505 литри, односно 1.510 литри со соборена клупа. Со прекривката врз багажниот простор и со самиот капак на багажникот отсега се ракува преку електромотори, како стандарден дел од опремата. Со доплата се нуди сензорски управувано отворање и затворање на задниот капак.

Интернет влегува на голема врата во новата генерација на Audi A4

Во Audi посветиле големо внимание во интелигентните технологии, вклучувајќи и иновации во ракувањето и прикажувањето на информации во кокпитот, со преработен систем MMI кој сега функционира поинтуитивно. Технолошки хајлајти се виртуелниот кокпит – познат од TT – матричните диодни светла, интерфејсот за поврзување со паметен телефон, 3D-озвучувањето од специјалистот Bang & Olufsen, полнењето мобилен телефон преку индукција, проекцискиот дисплеј и цела низа од системи за асистенција во возењето, како и услуги преку интернет.

Со доплата се нуди виртуелниот кокпит, односно комплетно дигитална табла со инструменти
Со доплата се нуди виртуелниот кокпит, односно комплетно дигитална табла со инструменти

Во почетокот се нудат седум мотори за лимузината и комбито во гамата на Audi A4. Трите бензинци и четирите дизели покриваат поголем дијапазон, меѓу 150 и 272 КС, со потрошувачка што во одредени изведби е намалена до 21 проценти. Најголемата новација кај моторите ја носи новиот бенинец 2.0 TFSI ultra со 190 КС и просек од 4,8 литри на сто километри. Подоцна ќе следува и верзија g-tron, со погон на метан, односно на e-gas когошто Audi го произведува самостојно во одржливи услови.

Погонската спрега и подвозјето се комплетно нови, вклучувајќи ги шестстепените мануелни менувачи, седумстепениот S tronic – којшто сега е достапен и во верзиите со преден погон – и осумстепениот автоматски менувач со функција на „едрење“ при отпуштање на гасот. Селективната распределба на вртежниот момент од тркало до тркало ја надополнува  работата на предниот погон и на погонот quattro, а од следната година Audi ќе нуди и спортски диференцијал на задната оска за најсилниот TDI од следната година.

Комплетно нова предна и задна оска со по пет водилки

Голем напредок се најавува во возните својства, коишто од една страна се ориентирани кон спортско возење и перформанси, но во исто време се обезбедува и солидно ниво на комфор. Основа за тие тврдења се новите оски со пет водилки, како и електромеханичкото сервоуправување. Со доплата е достапно динамично управување, коешто го менува преносниот однос според брзината и аголот на завртување на воланот, исто како и амортизација со регулирање на придушувањето во спортски и комфорен степен. Обете верзии на подвозје се вклучени во системот за возна динамика Audi drive select, кој е дел од стандардниот пакет почнувајќи од моторите со моќност од 190 КС нагоре.

Новите оски со по пет водилки се основа за врвен баланс меѓу спортска динамика и лимузински комфор
Новите оски со по пет водилки се основа за врвен баланс меѓу спортска динамика и лимузински комфор

Новитети има и во понудата од системи за асистенција. „Асистентот за ефикасност“ ја предвидува ситуацијата во возењето и му помага на возачот во заштедата на гориво, се нуди и активен систем за следење лента кој го враќа возилото назад при прегазување на линијата, како и приспособлив темпомат, којшто може самостојно да го запира и забрзува возилото при возење во застој. Арсеналот од безбедносни системи е освежен со надгледување на страничниот сообраќај при излегување од паркинг наназад или асистент за избегнување пречка на патот.

Продажбата на новите Audi A4 и A4 Avant на германскиот пазар ќе стартува наесен. Сериската опременост е збогатена значително во споредба со претходната генерација и меѓу другото вклучува ксенонски светла, пристап без клуч, блутут и MMI-дисплеј од 7 инчи. Околу цените уште нема никакви најави. Повеќе детали околу новата генерација на Audi A4 од генерацијата B9 следуваат во наредните денови.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
22 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743