за

Новата Skoda Fabia ќе биде полесна и поштедлива

Тежина пониска за 65 килограми и мотори поштедливи до 17 проценти се главните белези на новата генерација на Fabia, чијашто премиера е најавена за салонот во Париз.

Една од позначајните премиери на салонот во Париз (4-ти до 19-ти октомври) ќе биде новата генерација на Skoda Fabia. Новиот модел на Чесите ќе постави нови мерила во класата во поглед на потрошувачката и емисијата на штетни материи, со мотори поштедливи и до 17 проценти во споредба со актуелната Fabia. Моторите се комплетно нови и ја исполнуваат идната норма EU-6. Системот старт-стоп следува како стандард, а како опција ќе се нуди и менувач со двојна спојка.

Спектарот на моќност на новите бензинци од 1,0 и 1,2 литар се движи меѓу 60 и 110 КС. Дизелот ќе биде со работна зафатнина од 1,4 литар и ќе се нуди во повеќе степени на моќност меѓу 75 и 105 КС. Најштедливата верзија Fabia GreenLine 1.4 TDI ќе следува кон крајот на следната година и ќе постигнува просечна потрошувачка од 3,1 литри на сто километри, што одговата на емисија од 82 грами СО2 на километар.

Не сметајќи ја побогатата опрема во новиот модел, тежината на Fabia во одредени моделски изведби ќе биде до 65 килограми пониска во споредба со актуелниот модел. Основната верзија на Fabia со трицилиндарец од 1,0 литар ќе има тежина од 980 килограми.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jaguar Land Rover продава повеќе отколку што може да произведе

Џиновска реклама на Maserati Ghibli на аеродромот во Франкфурт