158
21 shares, 158 points

Секоја десета незгода со човечка штета е предизвикана од невнимание. Мобилните телефони и навигациските уреди најмногу го одглекуваат вниманието, но и пиењето и јадењето може да имаат кобни последници.

Само една секунда одвлекување на вниманието од сообраќајот пред возилото при брзина од 100 километри на час значи 27 метри возење на слепо. Тоа е доволно за возилото да излета во дрво покрај патот или во возило од спротивниот правец. Најголемиот европски клуб на возачи АДАК спроведе истражување за тоа кои споредни активности најдолго до одвлекуваат погледот на возачот од случувањата на патот. Предничи внесувањето адреса во уредот за навигација, следи телефонирањето, а трета активност што најмногу го одвлекува вниманието е вадењето очила од футрола. При подигањето предмет од подот во возилото или пиењето вода е покусо времето на возење „на слепо“.

Возење 70 метри на слепо додека пет секунди се гледа во телефонот

Според студијата, три четвртини од учесниците во истражувањето би удриле во пречка што ненадејно се појавува пред возилото додека се внесуваат податоци во уредот за навигација. При возење во град, тоа би значело удар во пешак или велосипедист. Кога при брзина од 50 километри на час, само пет секунди се гледа во телефонот или во навигацијата, на слепо се возат дури 70 метри.

Главен проблем е тоа што возачите и натаму ја потценуваат опасноста од невниманието при возење. За многумина, возењето автомобил е рутина, поради што чувствуваат здодевност зад воланот и имаат потреба од дополнително занимавање. Клубот АДАК бара, на проблемот со невнимавањето за време на возењето му се даде поголемо значење во возачката обука. „Невнимание во патниот сообраќај“ е клучната тема во акцијата за безбедност во сообраќајот насловена „2015 – да, сигурно!“, чијашто цел е да се зајакне чувството за одговорност на секој учесник во сообраќајот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

158
21 shares, 158 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *