за

На секоја 1,4 секунда низ светот се изнајмува по еден Car2Go

Услугата што ја нуди Car2Go достигна 2,2 милиони корисници низ светот. Можноста автомобилите да се изнајмат на само десетина минути и да се паркираат бесплатно наидува на сé поголем интерес. Четиринаесет илјади автомобили на Car2Go им стојат на располагање на корисниците во осум држави и 25 градови низ светот. Ова е иднината на возењето низ град.

Најголемата светска компанија за „Carsharing“ или краткотрајно изнајмување возила лани достигна 2,2 милиони корисници. На секоја 1,4 секунда некаде низ светот се изнајмува по еден автомобил на Car2Go. Од 25-те градови во коишто е достапна оваа услуга, најголем број корисници има во Берлин, кој со 175.000 корисници е најголем град на Car2Go во светот.

Четиринаесетте илјади возила на Car2Go лани биле изнајмувани повеќе од 22 милиони пати. Само за една година Car2Go привлекол 96.000 нови корисници во Мадрид, по што следат Берлин со 47.000 нови клиенти и Ванкувер и Хамбург со по 26.000 нови клиенти.

Жителите и посетителите во големите светски градови сé поретко се решаваат да го користат сопствениот автомобил во градскиот метеж и посегнуваат по возилата на Car2Go и останатите компании од оваа бранша, коишто по користењето можат да ги остават бесплатно на кое било јавно паркиралиште. Покрај тоа, голем дел од возниот парк отпаѓа на верзиите на Smart со електричен погон, што на корисниците им овозможува да пристапат во еколошки заштитените зони во строгиот центар на градовите, кадешто не е дозволен пристап за возила со повисока емисија на штетни материи или мора да се плаќаат скапи давачки.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест на десет зимски течности за миење на ветробранот

Погонот на автогас неколкукратно почист од дизелот на тестирање во Германија