за ,

На овие автомобили им се позлати воланот

Најголемата групација на автомобилски магазини во Европа синоќа ги додели наградите во деветте категории на возила. Волан на честа доби Петер Шрејер, дизајнерот на Kia

Магазинот Auto Bild и неделникот Bild am Sonntag синоќа ги објави победниците во деветте категории на возила во рамките на изборот на возила за „Златен волан 2013“. По 38-ми пат, титулата „Златен волан“ им се доделува на автомобилските новитети што во текот на 2013 година најмногу ги импресионираа експертите и читателите на магазините. Овој трофеј претставува најважна автомобилска награда во Европа.

Со „Златен волан на честа“ е одликуван Петер Шрејер, главен дизајнер на Kia, за особени залагања во автомобилизмот. Според жирито, тој како главен дизајнер успеа да го трансформира претпријатието во една од најуспешните автомобилски марки на светот.

Ова се победниците по категории:

  • Мали и компактни возила: Volkswagen Golf
  • Средна класа: Audi A3 Limousine
  • Виша и луксузна класа: Класата S на Mercedes-Benz
  • Специјална категорија – Теренски возила: BMW X5
  • Избор на читатели во категорија кабриолети и купеа: Jaguar F-Type
  • Избор на читатели во категорија ванови: Citroën C4 Picasso
  • Зелен волан: BMW i3
  • Волан на чест: Петер Шрејер, главен дизајнер на Kia
  • Волан за маркетинг: Кампањата на Volkswagen „Der Golf. Das Auto.“ од агенциите DDB Tribal и Grabarz & Partner

Победниците на „Златниот волан“ се избираат од независно жири од 40 лица, меѓу кои уредници на магазини од групацијата Auto Bild, техничари, мотоспортисти и познати личности, како Мика Хакинен и Валтер Рерл. За прв пат во жирито учествуваа и дизајнерите, заради оценување на естетиката и иновативноста.

Читателите на Bild am Sonntag и на магазините од групацијата Auto Bild во претквалификациите гласаа за нивните 20 фаворити од автомобилските новитети за оваа година. Потоа возилата финалисти се тестираа и оценуваа во текот на три денови на патеката на Fiat/Pirelli во Балоко, Италија. За победниците во категориите кабриолети/купеа и ванови решаваа 200.000 гласови на читателите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Барселона е светска престолнина на електричните автомобили

Tesla не планира сервисен повик по серијата пожари