120
17 shares, 120 points

Во минатите дваесет години дизелскиот мотор се движеше само во еден правец – продажбата постојано растеше. Дизелот е најпопуларен во Европа. Но, тоа наскоро ќе се смени. Иднината не гледа место за дизелскиот мотор.

Долга е љубовта на Европа кон дизелскиот мотор. На почетокот исмеван како тракторски мотор, тој за кусо време стана продажен хит. Во средната и во вишата класа на возила, моторите што самостојно си ја палат смешата се речиси стандард. Причините за големата популарност се познати. Дизелското гориво е поевтино од бензинот, а во исто време моторите трошат помалку гориво од бензинците со споредлива моќност.

Од него почна сé: Mercedes 260D од 1936 година е прв автомобил со дизелски мотор. Моделот се произведуваше до 1940 година, меѓу другото и во верзија кабриолет. Дизелот од 2,5 литри развиваше моќност од 45 КС

Тоа е издржано се додека за дизелот се плаќа повластена даночна стапка, како што е случај во ЕУ. Поради тоа, дизелите се вистинска реткост надвор од Европа и тоа не успеаја да го променат ниту најамбициозните планови на големите европски марки. Но, постепено почнува да се слуша сé погласно поздравната песна за дизелскиот мотор, затоа тоа што списокот на неговите проблеми е долг – и ќе станува уште подолг.

Гордоста да се вози дизел: Mercedes 170D од 1949 година јасно покажуваше на маската дека моторот под хаубата е дизел. Првата варијанта на моторот од 1,7 литар имаше 38 КС
Гордоста да се вози дизел: Mercedes 170D од 1949 година јасно покажуваше на маската дека моторот под хаубата е дизел. Првата варијанта на моторот од 1,7 литар имаше 38 КС

ПОТРОШУВАЧКАТА СЕ ИЗЕДНАЧУВА

До пред пет години, предноста во потрошувачката на гориво на дизелските мотори во однос на бензинците со споредлива моќност изнесуваше околу 30 проценти. Денес разликата е 20 до 25 проценти, а до 2020 година таа може да се спушти на 15 до 20 проценти. За да се одржи предноста, во развојот на дизелските мотори се вложуваа многу труд и средства. Во меѓувреме, моторите достигнаа толку висок стадиум на развој, што натамошниот напредок е можен само во минимални мери, додека развојот на бензинците продолжува со забрзано темпо.

Потекло од работните машини: Во почетокот дизелот се користеше во товарните возила. Со високиот вртежен момент кој е својствен за дизелот, Mercedes LA 3500 се пробиваше и по тежок терен
Потекло од работните машини: Во почетокот дизелот се користеше во товарните возила. Со високиот вртежен момент кој е својствен за дизелот, Mercedes LA 3500 се пробиваше и по тежок терен

ДИЗЕЛОТ Е 2.000 ЕВРА ПОСКАП ОД БЕНЗИНЕЦОТ

Производството на современиот дизелски мотор е двапати поскапо отколку на бензинскиот мотор, а цената ќе продолжи да се зголемува. Кај новите генерации на возила тоа значи дека моделот со дизелски мотор е околу 2.000 евра поскап од моделската верзија со бензинец. Конкретно, редовната цена на Golf 1.2 TSI со 105 КС изнесува 18.104 евра, додека дизелот 1.6 TDI со истата моќност чини 19.524 евра. Причините: Поради повисокиот притисок во цилиндрите кој е својствен за дизелските мотори, повеќето делови мора да бидат димензионирани за повисоки оптоварувања. Комплицираните системи за впрскување на горивото кои што работат со притисоци до 2.000 бари исто така ја зголемуваат цената.

Mercedes W114/115: Во првите години се нудеа само слаби мотори во 200D и 220D. Дури во 1974 година се појави моќната верзија 240D со трилитарски дизел со 80 КС, кој во тоа време беше најсилен автомобилски дизел

Во иднина ќе се придружат и нови трошоци. Дополнителната цена само за пречистувањето на издувните гасови ќе изнесува околу 1.000 евра. По стапувањето во сила на нормата Euro 6 ќе бидат неопходни натамошни мери, односно специјални системи кои што впрскуваат уреа во издувните гасови и на тој начин ја смалуваат емисијата на азотни оксиди. Овие системи веќе се користат во повеќето модели од европските производители што ја исполнуваат новата норма. Поради тоа што уреата не звучи привлечно како продажен аргумент, најчесто се користат вештачки поими како Adblue или Bluetec.

Моторот во првата генерација на Golf беше дизел од старата школа. Тој беше гласен во компактниот автомобил, но се оддолжуваше со ниската потрошувачка и буквално со неуништливоста
Моторот во првата генерација на Golf беше дизел од старата школа. Тој беше гласен во компактниот автомобил, но се оддолжуваше со ниската потрошувачка и буквално со неуништливоста

ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГОРИВО ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА

Неопходното пречистување на издувните гасови води кон повторно зголемување на потрошувачката на гориво. Филтрите за честички чад и системите за регулирање на азотните оксиди предизвикуваат зголемување на потрошувачката на гориво за три до осум проценти.

Модерните времиња на дизелот: Со директно впрскување и турбонатполнење во Audi 100 TDI од 1989 година почна историјата на успехот на агрегатот од земјоделските машини
Модерните времиња на дизелот: Со директно впрскување и турбонатполнење во Audi 100 TDI од 1989 година почна историјата на успехот на агрегатот од земјоделските машини

ГРАНИЦА НА ИСПЛАТЛИВОСТ

Зголемената потрошувачка и растечките цени на возилата предизвикуваат поместување на прагот од кој што почнува да се исплатува дополнителната инвестиција во модел со дизелски мотор. Уште во 2007 година аналитичарите од А.Т. Керни објавија студија според која што прагот на исплатливост изнесува 12.000 километри годишно. Студијата тогаш предвиде дека до 2020 година, овој праг ќе се искачи на 16.500 километри. Во меѓувреме се случија многу промени во техниката и на пазарот, поради што се промени и веродостојноста на овие податоци, односно прагот е подолг.

За лимузината од вишата класа Volkswagen Phaeton V10 TDI ништо не беше прескапо. Во моделот се вградуваше десетцилиндарски мотор со пет литри зафатнина и преку 300 КС
За лимузината од вишата класа Volkswagen Phaeton V10 TDI ништо не беше прескапо. Во моделот се вградуваше десетцилиндарски мотор со пет литри зафатнина и преку 300 КС

ДИЗЕЛИТЕ НЕ СЕ ПОИЗДРЖЛИВИ

Порано дизелите имаа релативно едноставна конструкција и имаа ниска моќност. Поради тоа, овие мотори се одликуваа со поголема издржливост. За денешните комплексни и потентни дизелски мотори, при правилно одржување важи границата на издржливост од околу 200.000 километри, исто колку и за бензинските мотори.

Уреата не е добра за имиџот: Користењето на уреа во модерните дизели се затскрива со поими како Bluetec или Adblue. Таа ги пречистува азотните оксиди во издувните гасови
Уреата не е добра за имиџот: Користењето на уреа во модерните дизели се затскрива со поими како Bluetec или Adblue. Таа ги пречистува азотните оксиди во издувните гасови

НАТПРЕВАР СО ТЕХНИКАТА

Постојат производители кои што идниот напредок ќе го постигнат без скапиот третман на издувните гасови. Но, тие производители користат нови констуркции на моторот, кои што не се ниту малку поевтини, како на пример Mazda, со принципот наречен Skyactiv-D. Особеноста на моторот на Mazda се состои во нискиот степен на компресија од 14:1, односно со најниската компресија во дизелски мотор воопшто. Кај бензинските мотори, таа изнесува обично меѓу 10:1 и 12:1.

Кај дизелските мотори, компресијата обично не е пониска од 16:1. Според досегашните искуства, само на тој начин можеше да се постигне добар старт при незагреан мотор и стабилно согорување во фазата на загревање. Mazda го реши проблемот со подобрени грејачи и со пиезо мултиинјектори.

Нов модел со нова техника: Новата Mazda 6 вози со мотори Skyactiv-D. Особеноста на оваа машина се состои во ниската компресија од 14:1
Нов модел со нова техника: Новата Mazda 6 вози со мотори Skyactiv-D. Особеноста на оваа машина се состои во ниската компресија од 14:1

Предноста на пониската компресија е во тоа што понискиот притисок и пониските температури во цилиндарот резултираат со помалку честички чад и азотни оксиди, со што отпаѓа неопходноста од дополнителен хемиски третман на издувните гасови. Но, проблемот е во тоа што зафатите во конструкцијата на моторот не се евтини и во одреден случај мора да се смета на повисока потрошувачка на гориво. Mazda го патентираше својот систем, очекувајќи дека другите производители ќе ги прифатат нејзините мотори со скапа конструкција.

ДИЗЕЛОТ Е МАРГИНАЛЕЦ НА ГЛОБАЛНО НИВО

Дизелот е феномен само во Европа. Учеството на дизелските мотори во продажбата на возила во САД изнесува помалку од три проценти. Во Кина, дизелските мотори во патничките возила исто така имаат исклучително мала популарност. Поради тоа, производителите мора да изберат дали ќе продолжат со развојот на модел што постигнува успех само во регионалната продажба или ќе се ориентираат според глобалните преференци.

Едноставноста на дизелот: Моторот во Mercedes 260D од 1936 ја постави основата на имиџот на дизелите како неуништливи погонски единици
Едноставноста на дизелот: Моторот во Mercedes 260D од 1936 ја постави основата на имиџот на дизелите како неуништливи погонски единици

ХИБРИДНИОТ ПОГОН ВЕТУВА ПОВЕЌЕ

Комбинацијата од електромотор и бензински мотор ужива значително поголема популарност во САД отколку дизелот. Хибридите се штедливи, чисти за животната средина и се современи. И покрај тоа, европските производители продолжуваат да го негуваат својот миленик дизелот и го комбинираат со хибридната технологија. Притоа, од аспект на продажната цена на возилото е значително поразумно скапата техника на електричниот погон да се комбинира со поевтин бензинец, место со поскапиот дизелски мотор.

Едноставноста е непознат збор: Денешните дизели изгледаат поразлично. Дволитарецот на Volkswagen е технолошко ремек дело и извор на сила
Едноставноста е непознат збор: Денешните дизели изгледаат поразлично. Дволитарецот на Volkswagen е технолошко ремек дело и извор на сила

БЕНЗИНЦИТЕ НАПРЕДУВААТ ПОСТОЈАНО

Во бензинците лежи голем потенцијал. Индустријата веќе се преориентира на даунсајзинг, односно на мотори со пониска работна зафатнина, помал број на цилиндри и со турбонатполнење, заради постигнување на висока моќност при ниска потрошувачка на гориво. На глобално ниво, инженерите работат на техниката HCCI, односно на хомогено компресиско палење. Зад овој поим стои бензински мотор, кој што самостојно ја пали смешата исто како дизелскиот мотор. Поради порамномерното согорување е можно намалување на потрошувачката на гориво до 30 проценти.

Систем со заеднички водови: За успехот на дизелските мотори во последните 20 години е заслужно впрскувањето со заеднички вод – common rail. Пумпата го компримира горивото и под ист притисок го дистрибуира преку заеднички вод до сите цилиндри. Поради порамномерното раскрскување во комората за согорување, дизелот согорува полесно и почисто

РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА ПОМАЛИТЕ АВТОМОБИЛИ

Цената останува главен приоритет при купувањето на возило и пазарот се ориентира на малите и компактните модели. Дизелот веќе почна да се повлекува од овие класи на возила, затоа што скапите агрегати повеќе не се исплатуваат. Дизелот и натаму има шанси во поголемите возила, односно во моделите од средната класа па нагоре. Во секој случај, дизелскиот мотор го достигна својот врв.

Систем со заеднички водови: За успехот на дизелските мотори во последните 20 години е заслужно впрскувањето со заеднички вод – common rail. Пумпата го компримира горивото и под ист притисок го дистрибуира преку заеднички вод до сите цилиндри. Поради порамномерното раскрскување во комората за согорување, дизелот согорува полесно и почисто
Систем со заеднички водови: За успехот на дизелските мотори во последните 20 години е заслужно впрскувањето со заеднички вод – common rail. Пумпата го компримира горивото и под ист притисок го дистрибуира преку заеднички вод до сите цилиндри. Поради порамномерното раскрскување во комората за согорување, дизелот согорува полесно и почисто

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

120
17 shares, 120 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

One Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  1. Има едно непишано правило, кој еднаш возел дизел тој повеќе не се враќа на бензинец, незнам зошто е така, ама така е. едноставно нешто ги маѓепсува.