133
19 shares, 133 points

Производителите на автомобили имаат поголема слобода да ги прикажат идеите и концетите на иднината на водечкиот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас. Со воведувањето на технологија за автономно возење и веќе непрегледната понуда од можности за поврзување со паметни телефони и секаков вид услуги, автомобилите навистина прераснуваат во големи електронски кутии – со толкав обем на вештачка интелигенција што и возачот е вишок.

Што се случува во Лас Вегас, останува во Лас Вегас. Тоа е мотото на пустинската метропола, којашто им се има препуштено на комарот и на раскошот. Но, мотото не важеше на годинашниот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас. „Што се случува во Лас Вегас, не останува во Лас Вегас,“ прогласи Ола Келениус, првиот човек на Mercedes, по прикажувањето на новите технологии и модели.

mercedes a-class cockpit

Многу работи се случуваа под знакот на Mercedes. Во Лас Вегас заврши светското патување на S-Class опремена со технологија за полуавтономно возење. Со слични трикови се користеше и студијата Smart EQ Fortwo, којашто автоматски вртеше кругови наоколу. Најблиску до секојдневието беше комплетно новиот кокпит на идната A-Class. Ракувањето со кокпитот е толку сменето што одвај може да се нарече ракување. Поточно би било командување, и тоа гласовно.

mercedes s-class ces 2018

Германците ги испочитуваа двата главни тренда на саемот: Електрификација и автономно возење. Како најголема и најважна светска бина за прикажување на новитетите во забавната електроника, саемот ЦЕС е предодреден за вакви теми. Тука се среќаваат програмери, визионери и секаков профил експерти, кои ги препознаваат идните трендови и ги спроведуваат.

toyota fine comfort ride

Секако дека Toyota не смее да отсуствува од ваков настан. Јапонците го прикажаа e-Palette Concept, како автономно возило со погон на струја. Тоа ја проширува серијата Concept-i којашто стартуваше лани. Оваа серија концепти сигурно не е само вежба за креативците на светскиот број еден, туку Во меѓувреме и Kia е осилена, прикажувајќи електрична верзија на кросоверот Niro.

kia niro ev

Honda повеќе се занимаваше со роботиката, а за да не отстрани од курсот, донесе и електрично возило за сите теренци. Nissan разви технологија за детектирање на мозочните сигнали. Дека сериозно работи на развојот на идните технологии, Nissan докажа и со капучиното коешто го сервираше на штандот, со чоколадна декорација со ликот на конзументот.

nissan ces 2018

Volkswagen и натаму ветува офанзива на вештачката интелигенција, овојпат заедно со познатиот производител на процесори Nvidia. Шефот на Ford изнесе критички ставови, со коишто сигирно ќе се сложат и многумина граѓани на македонската метропола. Според Џим Хакет, на плоштадите и улиците по коишто „луѓето порано се среќаваа, денес постојат брзи делници со повеќе ленти.“ Овие места мора „да им се вратат на луѓето.“ Како производител на автомобили, Ford сепак планира да го реализира тоа со автономни возила на струја, коишто ќе бидат дел од еден огромен и заеднички возен парк, достапен за сите. Терминот за тоа е „sharing economy“.

ford ces 2018

Амбициозни планови имаат и новите марки Faraday Future и Byton. Обете имаат стартувано со кинески пари и германски инженери и дизајнери. Faraday Future го претстави FF91 кој има потенцијал да ја засени Tesla. Кросоверот е побрз, посилен и технолошки поубедлив од Model X. Но, парите се потрошија пребрзо, а дополнителен проблем е тоа што менаџерите масовно ја напуштаат фирмата.

byton ces 2018

Повеќе оптимизам има кај Byton. Концептниот автомобил со огромни дисплеи во кокпитот наскоро ќе влезе во сериско производство во кинеската фабрика. Хенрик Фискер, прочуен дизајнер на Aston Martin и шампион во ветувања што никогаш не се исполнуваат, се исперчи во Лас Вегас со EMotion. Автомобилот импресионира во секој поглед, но не и во најважниот. Неговиот старт е планиран дури во 2023 година, но затоа ќе располага со револуционерна батериска техника. Дотогаш, големите производители ќе имаат половина гама покриена со електрични автомобили.

Саемот во Лас Вегас е привлечен и за добавувачите на автомобилската индустрија

Автономното возење секако дека ги привлекува и добавувачите. ZF вгради мал милион сензори и камери во Opel Astra, ја нарече „автомобил од соништата“ и ја допингуваше со софтвер кој постојано учи.

Технологијата продолжува да напредува, политиката ја сопира. Владата на Трамп ги скуси надлежностите на бескомпромисната агенција за заштита на животната средина EPA. Со тоа, индустријата изгуби вреден партнер за соработка и гарант за иднината. Од друга страна, како што новите генерации автомобили добиваат уште повеќе и повеќе електроника, така расте и опасноста од нејзино откажување. Тоа неодамна го докажаа злобните кодови „Spectre” и „Meltdown”, кои не само што ја доведуваат во прашање безбедноста на податоците, туку ја напаѓаат и ефикасноста на електронските системи.

Крајниот збор го има некој друг. Google мораше да ја откаже демонстрацијата на техниката на отворено, поради дожд. Следниот ден снема струја.

Автомобилски производители на саемот ЦЕС во Лас Вегас

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

133
19 shares, 133 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743