137
18 shares, 137 points

Небаре стандардните изведби на крстосувачот со сребрена ѕвезда се немоќни, па веднаш по генерациското деби следува и моќникот S63 AMG со осумцилиндарец со двојно турбонатполнење.

Најсилната лимузина во луксузниот сегмент доаѓа од Mercedes и тоа не е нешто ново. Со 5,5 литарски осумцилиндарец со 585 КС и 900 њутнметри, новиот Mercedes S63 AMG комбинира врвни перформанси, лесна конструкција и штедлив погон. Ако тоа воопшто е важно, според фабрика, овој моќник во просек троши опколу 10 литри на сто километри. Тоа што е поважно за демонстрирање на моќта: 4,0 до 4,4 секунди до сто, зависно од верзијата.

ampnet_photo_20130709_064314

Во споредба со претходникот, тежината е пониска за 100 килограми. Слабеењето е постигнато со заштеда во сите можни подрачја, меѓу другото во кованите бандажи, во литиум јонскиот акумулатор, како и во олеснетиот, но и натаму моќен систем за сопирање. Целата каросерија, вклучувајќи го покривот, изработена е од алуминиум. Инженерите сепак се горди на штедливоста на моторот и наведуваат дека потрошувачката е смалена за 0,4 литри, иако моќноста се зголеми за 41 КС. Според Mercedes, осумцилиндарецот со ознака M 157 е најекономичен мотор во неговата класа на моќност.

Спортскиот издув има посебни заклопки во издувните лонци. Во секојдневни услови на возење, овие заклопки се отвораат побавно, со цел звукот да не отстапува од нормите. Но, кога менувачот ќе се најде во спортски или мануелен модус, заклопките се отвораат побрзо и поцелосно, со што се ослободува пејачкиот талент на моќната лимузина.

S63 AMG е прв големосериски автомобил со литиум јонски акумулатор, со капацитет од 78 амперчасови и со тежина пониска за 20 килограми од стандардните акумулатори

Менувачот AMG Speedshift MCT вообичаено нуди три програми, штедлива, спортска и мануелна. Во првата програма моторот се гасне на семафор, менувачот префрлува рано и помеко, поаѓањето најчесто е во вториот степен. Во вторите два степена соодветно се заострува реакцијата на моторот и се деактивира системот старт-стоп.

ampnet_photo_20130709_064318

Опција е погонот на сите тркала 4Matic, кој го распределува вртежниот момент во сооднос до 33 проценти напред и 67 проценти назад. Со оваа распределба се постигнува подобра динамика во свијоци и подобро забрзување, и секако, се овозможува подобрена тракција при отежнати услови на возење.

ampnet_photo_20130709_064319

S63 AMG 4Matic користи спортско подвозје AMG Ride-Control, во комбинција со пневматска амортизација со приспособлива програма ADS Plus. Новитет е тоа што повратните и потисните одови на амортизерите се дотеруваат независно едно од друго, со што се подобрува реакцијата и приспособувањето на условите на возење. И тука има копче за избор на спортска или комфорна програма

Стандардниот S63 AMG со погон назад има спортско подвозје со Magic Body Control, односно камера ги следи нерамнините на патот и предвреме ја подготвува амортизацијата да реагира соодветно. Класата Ѕ е единствениот автомобил со оваа способност

Со електромеханичкото параметарско управување со променлив пренос се подобруваат управливоста и агилноста, а во исто време се задржува држењето правец при висока брзина. Во спортската програма дополнително се стегнува управувањето. Во комбинација со моќта на моторот одат и моќни сопирачки, олеснети и со композитна конструкција. Со доплата за прв пат се достапни и керамички сопирачки, полесни за 20 проценти, што меѓу другото влијае и врз работата на подвозјето.

ampnet_photo_20130709_064317

Премиерата на моделот е во септември на салонот во Франкфурт, а веднаш потоа стартува и продажбата. Цените во Германија се 149.881 евро за S63 AMG и 152.618 за S63 AMG 4Matic со продолжена каросерија.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

137
18 shares, 137 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730