163
21 shares, 163 points

Водечката позиција во продажбата во Европа останува непроменета веќе 41 години. Golf и натаму е најпродаван модел. Огромен раст бележи Opel Astra, со враќањето меѓу десетте најпродавани модели на пазарот.

Првите шест места во продажбата на автомобили на европскиот пазар во првото тромесечје остануваат непроменети. Volkswagen Golf влегува во 41-та година на владеење со пазарот и единствено британската кралица се има задржано подолго на престолот. Од компактот од Волфсбург се продале вкупно 151.634 примероци во првите три месеци од годинава, што е за три проценти помалку во споредба со првото тромесечје лани. Второто место исто така му припаѓа на модел на Volkswagen. Polo е на второто место со 98.399 возила (+4,7%), пред Renault Clio, Ford Fiesta, Opel Corsa и Nissan Qashqai.

Peugeot 208 напредуваше за две позиции, на седмото место
Peugeot 208 напредуваше за две позиции, на седмото место. Фото: Ауто Билд

На седмото место напредуваше Peugeot 208 со 72.083 продадени примероци, за водечката десетка да ја комплетираат Skoda Octavia, Ford Focus и Opel Astra. Новиот модел на марката од Риселсхајм се искачи шест позиции, со раст во продажбата од 21,8 проценти, делумно како резултат и на освоената титула на европски автомобил на годината.

Само уште неколку модели во најпродаваните сто успеале да постигнат поголем раст во продажбата од Astra. Меѓу позначајните се Skoda Fabia на 24-то место со плус од 24,4 проценти, Volkswagen Touran со +21,8%, серијата 2 на BMW со 40,4% и Skoda Superb со 58,8 проценти. Рекордер во порастот во продажбата е Suzuki Vitara на 84-то место, со повеќе од трикратно зголемување и со 16.728 примероци.

Најпродаваните 10 модели во Европа во првиот квартал

  Марка и модел Продажба Промена во %
1 Volkswagen Golf 151.634 -3,0
2 Volkswagen Polo 98.399 +4,7
3 Renault Clio 89.675 -3,4
4 Ford Fiesta 85.818 -5,4
5 Opel Corsa 76.166 -5,9
6 Nissan Qashqai 73.259 +2,1
7 Peugeot 208 72.083 14,2
8 Skoda Octavia 64.523 +1,0
9 Ford Focus 62.933 -0,6
10 Opel Astra 59.566 +21,8

 

Модели со најголем раст во продажбата во првиот квартал

# Марка и модел Продажба Промена во %
84 Suzuki Vitara 16.728 +365,7
63 Fiat 500X 21.101 +148,5
77 BMW X1 18.142 +69,4
65 Skoda Superb 20.697 +58,8
44 BMW серија 2 25.738 +40,4
66 Nissan X-Trail 20.441 +38,5
81 Jeep Renegade 17.157 +34,0
91 Mercedes CLA 14.744 +26,6
24 Skoda Fabia 40.393 +24,4
10 Opel Astra 59.566 +21,8

 

Модели со најголем пад во продажбата во првиот квартал

# Марка и модел Продажба Промена во %
72 Lada Granta 19.247 -37,6
64 Renault Scenic 20.948 -24,4
95 Suzuki Swift 13.862 -20,6
38 Renault Megane 29.367 -20,4
86 Fiat Punto 16.571 -18,3
59 Renault Twingo 22.386 -18,2
89 Mazda 3 15.377 -18,0
40 Mini 26.802 -16,8
49 Fiat 500L 24.760 -16,7
74 Mercedes B-Class 18.592 -15,7

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
21 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *