177
140 shares, 177 points

Германскиот магазин Auto Bild секоја година објавува список на најквалитетни автомобилски марки, врз основа на задоволството на сопствениците, резултатите на супертестовите и издржливоста на возилата.

Магазинот Auto Bild го објавува списокот на најквалитетни марки во време кога е силно разнишана довербата на купувачите во автомобилските производители. Постојано пристигаат нови докази дека повеќе марки практикуваат прикажување на лажни вредности на емисијата на штетни материи во своите возила и во моментов околу педесетина модели од повеќе марки се наоѓаат на испитување во германската управа за моторен сообраќај. Но, лажирањето на емисијата не е единствената причина за возачите да ја загубат довербата во марката на сопствениот автомобил.

Рангирањето на квалитетот на автомобилските марки според магазинот Auto Bild се темели врз обемни истражувања, тестирања и статистички податоци. Како одредена марка ќе се рангира на оваа листа зависи од сервисните повици, од дефектите што се забележани при редовните технички прегледи на возилата, од резултатите од супертестовите на 100.000 и повеќе километри на магазинот, од анонимните тестови на сервисните работилници, од дописите и поплаките од читателите, и секако, од гаранциските услови што ги нуди марката. Врз резултатот дополнително влијаат и анкетите за задоволството на клиентите спроведени од истражувачки агенции. Но, како поминаа 20-те најпродавани марки на германскиот пазар во последниот извештај на Auto Bild?

„Германските марки треба да се замислат околу гаранциите на Kia“

Марката Kia за првпат е на врвот на листата на најквалитетни марки, заедно со Mazda. Магазинот вака го коментира ова врвно достигнување на корејската марка: „Корејско-јапонската двојна победа не претставува изненадување. Оценувањето на возилата на подолг период е различно од првиот впечаток кога автомобилот е нов. Задоволство може да се постигне и преку обемна гаранција. Тој што ќе рекламира позната грешка во својот автомобил стар три или пет години и ќе побара бесплатно отстранување на дефектот, тука ќе биде услужен. Германските марки треба да се замислат околу тоа.“

Toyota во претходните три години редовно се пласираше како најквалитетна марка. Годинава таа се најде на третото место, заедно со Honda и Hyundai, што според магазинот Auto Bild се должи првенствено на слабиот резултат од тестирањето на сервисните работилници (во Германија!) Тоа е сепак многу подобро од пласманот на германските марки BMW, Mercedes, Opel и Audi, чијшто квалитет е оценет како просечен. Во минатата година Volkswagen се најде на 14-то место, за оваа година да падне четири места подолу. Auto Bild: „Се влече цела низа проблеми, не само со издувните гасови.“ Најдобро пласирана германска марка годинава е BMW, на седмото место.

Fiat е вообичаено на последното место во ранг-листата за квалитетот на марките

Последното место на ранг-листата за квалитетот на автомобилските марки повторно му припаѓа на Fiat. Магазинот коментира: „Уште од почетоците на листата за квалитет во 2001 година, Италијанците се тетерават на последните места. Од сите марки во анкетата на Auto Bild, Fiat има далеку најлош резултат во поглед на сопствениот имиџ. Дури 14 проценти од анкетираните се пожалиле дека често мораат да го сервисираат своето возило.“

Како се рангирани 20-те марки во извештајот за квалитет на Auto Bild за 2015 година, погледнете во галеријата.


Like it? Share with your friends!

177
140 shares, 177 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730