за

Најдобрите цитати за автомобилите

Џеј Лено, шоумен и пасиониран колекционер на автомобили

„Автомобилот е привремена појава. Верувам во коњите“ – Тоа се зборовите на Кралот Филхелм Втори, кој очигледно се обложувал на погрешен коњ.

Подолго од еден век, автомобилот ги поларизира, ги фасцинира и ги инспирира луѓето повеќе од кој било друг објект. Без разлика дали се работи за политичари, актери, производители или тркачи, автомобилот инспирирал многумина да остават во историјата цитати што се филозофски, лични или едноставно се вистинити. Енцо Ферари резимираше најдобро: „Автомобилот е измислен за да се зголеми просторот за искажување на слободата на човештвото, но не и луѓето да се наведуваат на лудости.“ Американскиот претседател Барак Обама исто така има што да каже во врска со автомобилот: „Мојот прв автомобил беше Ford Granada. Оваа ламаринена кутија беше најлошиот автомобил што се произвел во Детроит.“ Некои, пак, сметааат дека е главно автомобилот да биде брз, на пример рели легендата Валтер Рерл, според кого „Автомобилот е доволно брз кога наутро стоиш покрај него и чувствуваш страв да го отклучиш.“

 

„Ако не причинува задоволство, тогаш не е автомобил“

Акио Тојода, шеф на Toyota и Lexus
Акио Тојода, шеф на Toyota и Lexus

 

„Мојот прв автомобил беше Ford Granada. Оваа ламаринена кутија беше најлошиот автомобил што се произвел во Детроит.“

Барак Обама, претседател на САД
Барак Обама, претседател на САД

 

„Потребно е половина час за сите деца да се сместат во автомобилот, да се врзат со појасот и да се обезбеди за сите да има нешто за грицкање“

Бред Бит, актер
Бред Бит, актер

 

 

„Верувам дека секој тркач со автомобил мора некогаш да се вразуми и да престане со овој пубертетски спорт“

Ники Лауда, трикратен светски шампион во Ф1
Ники Лауда, трикратен светски шампион во Ф1

 

 

„Последниот автомобил што ќе се произведе ќе биде спортски автомобил“

Фери Порше, основач на Porsche
Фери Порше, основач на Porsche

 

 

„Кога можеш да го видиш дрвото во кое ќе удриш, тоа се нарекува подуправување. Кога можеш да го слушнеш и почувствуваш, тоа било надуправување“

Валтер Рерл, рели тркач
Валтер Рерл, рели тркач

 

 

„Жената мора да умее да молчи. Брак без молчење е како автомобил без сопирачки“

Шарл Азнавур, композитор и актер
Шарл Азнавур, композитор и актер

 

 

„Јапонците имаат префинет начин да го шверцуваат нивниот челик во Соединетите Држави. Тие го бојадисуваат, го поставуваат на четири тркала и на крајот го нарекуваат автомобил“

Хенри Форд, основач на Ford
Хенри Форд, основач на Ford

 

 

„Уметноста на тркањето: Колку е можно побавно да бидеш најбрз“

Емерсон Фитипалди, бразилски тркач во Ф1
Емерсон Фитипалди, бразилски тркач во Ф1

 

 

„На почетокот разгледував наоколу и не можев да го најдам автомобилот што го сонувам. Затоа решив да го направам сам“

Енцо Ферари, основач на Ferrari
Енцо Ферари, основач на Ferrari

 

 

„Ние произведуваме автомобили кои на никого не му се потребни, но секој сака да ги има“

Фердинанд Порше
Фердинанд Порше

 

 

„Кој има пари, купува автомобил. Кој нема, умира на друг начин“

Фернандел, актер
Фернандел, актер

 

 

„Исто како со облеката, не постои ништо позаводливо од автомобил што одговара на личноста на возачот“

Џорџо Армани, дизајнер
Џорџо Армани, дизајнер

 

 

„Поевтино е да имаш 35 автомобили и една жена, отколку 35 жени и еден автомобил“

Џеј Лено, шоумен и пасиониран колекционер на автомобили
Џеј Лено, шоумен и пасиониран колекционер на автомобили

 

 

„За својот изглед жените прават работи за кои што секој трговец со користени возила би добил затворска казна“

Ник Нолти, актер
Ник Нолти, актер

 

 

„Дури откако ќе купиш скап автомобил стануваш дел од светот на богатите“

Ралф Лорен, моден креатор
Ралф Лорен, моден креатор

 

 

„За две работи мажот никогаш нема да каже дека не е добар: За секс и за возење автомобил“

Стирлинг Мос, тркач
Стирлинг Мос, тркач

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На дизелот му се одброени деновите

Прво возење: Dacia Sandero, Sandero Stepway и Logan