167
21 shares, 167 points

Некои луѓе имаат грижи на коишто другите би им позавиделе. Едно семејство од САД има таков проблем. Од 175 олдтајмери, тие можат да се грижат само за 15 до 20 возила. Остатокот мора да оди на аукција.

Таткото Пол Ендрјуз, мајката Џуди, синот Крис и ќерките Емили и Џенифер од Форт Ворт во Тексас поседуваат 175 прекрасни олдтајмери. Тие се снаоѓаат добро со 15 до 20 автомобили, но останатите автомобили им одземаат премногу време. Американското семејство планира во иднина да се ангажира уште повеќе во натпреварите за олдтајмери во Европа и за тоа ќе биде потребно уште повеќе време. За таа цел, огромен дел од автомобилската колекција на Ендрјуз мора да оди на наддавање.

Семејството Ендрјуз освои речиси сé што може да се освои во САД, особено кога станува збор за најдобро одржувани олдтајмери. Пред три години тие победија на познатиот „Конкурс д’Елеганс“ во калифорнискиот Пебл Бич со нивниот Mercedes-Benz 680 S Saoutchik Torpedo од 1928 година. Парите не им се проблем на овие Американци. Пол Ендрјуз го основал своето претпријатие TTI во 1971 година, коешто потоа прераснува во светски лидер во производството на електронски и електрични делови за авиони, воено наоружување и вселенски бродови. Од 2007 година, TTI е дел од империјата на Ворен Бафет, за сума што не се наведува точно, но се претпоставува дека е близу една милијарда.

Во сопствениот музеј во Ворт Ворт има околу 175 ретки олдтајмери и огромен број колекционерски предмети, почнувајќи од детски автомобили со педали, преку неонски реклами, до рачно изработени модели на автомобили. Желбата на Пол и Крис, нивните автомобили да бидат секогаш во совршена возна состојба и да изгледаат како штотуку да се излезени од фабрика бара цел тим од врвни специјалисти. Но, двајцата мажи во семејството Ендрјуз сами се грижат за автомобилите во збирката, што им одзема премногу време. Покрај тоа, музејот редовно се отстапува за добротворни приредби. Тоа се неколкуте причини поради коишто голем дел од скапоцената збирка на 2-ри мај ќе се најде на наддавање во најпознатата аукциска куќа RM Auctions од Канада.

Секако дека збирката содржи повеќе исклучителни автомобили. Меѓу највредните е Shelby Cobra 289 Competition од когошто се преостанати само уште три примероци и тој ќе биде еден од најтешките автомобили за збогување за Ендрјуз. Овој тркачки автомобил во 2012 година беше прогласен за „најдобра Cobra“ од официјалниот клуб на марката. Американскиот комичар и шоумен Џеј Лено, сопственик на 169 автомобили и 117 мотоцикли, особено е заинтересиран за овој автомобил.

Меѓу најскапите модели на аукцијата се очекува да се најде и Duesenberg Model SJ Town Car од 1935, во прва сопственост на Вероника Марс, основачката на слаткарската империја којашто денес ги произведува познатите чоколадирани стапчиња со името на оваа дама. Пред да се најде во семејството Ендрјуз, автомобилот се користел како такси, а потоа бил составен дел и од една друга збирка во Невада. Во истата класа на цени се рангира и Cadillac V16 Convertible Sedan од 1930, првиот шестцилиндарец во светот. Со вредноста не заостанува ниту Ferrari 400 Superamerica SWB Convertible од 1962, експонат од салонот во Женева и дел од ексклузивната серија произведена во само шест примероци.

На списокот за наддавање се наоѓаат и повеќе модели на Packard и Duesenberg, исто како и прототипи од Buick и Ford. Во збирката влегува и Mercedes 300 SL Roadster од 1953 година. Се проценува дека ниту еден од автомобилите во збирката нема да се продаде за помалку од половина милион долари, а повеќето автомобили ќе достигнат и повеќемилионска вредност. Преку фондацијата Ендрјуз, средствата од наддавањето ќе бидат наменети за медицински истражувања и помош за хендикепираните деца во Тексас.

За аукцијата на 2-ри мај да мине во најдобар ред, цените се забиберени уште пред настанот. Каталог во ограничена серија чини само 150 долари, за разгледувањето на 30-ти април и 1-ви мај се потребни 60 долари, а за учество на наддавањето уште двесте долари.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

167
21 shares, 167 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743