Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Против досада

Најбудалестите автомобилски видеа на годината

Тенк што испалува проектил додека скока, дрифтинг со трактор во плевна, стогодишни олдтајмери што учествуваат во теренско рели. Ова се најоткачените видеа на годината.

Постојат работи што никогаш нема да се осмелиме да ги направиме сами, но за среќа, постојат луѓе што ќе го пробаат тоа. За нив не постои опасно, неодговорно или можеби само преглупаво. Но, така произлегуваат најдобрите видеа на мрежата, на коишто им се радува цел свет или негодува, зависно од видеото, зависно од гледачот.

Меѓу најбудалестите автомобилски видеа во годинава што изминува може да се види сé и сешто, од руски тенк што испалува проектил додека јури по теренот, преку детинести мажи што се спуштаат по стрмна надолнина во детски колички, до дете што ужива во совозачкото седиште додека таткото дрифта со неговиот спортски автомобил.

Екстремен спуст со детски колички
Во првото видео, група тинејџери учествуваат на „Extreme Barbie Jeep Racing“. Тие возат детски автомобили што одамна ги надраснале, по надолнина што е премногу стрмна, со брзина што е премногу висока.

Експлодирачки тест на стар Daihatsu
Зарем не сте се прашувале отсекогаш како изгледа кога стар Daihatsu ќе се крене во воздух? Не? Неколку луди Холанѓани сепак сакаа да дознаат.

Со стогодишни олдтајмери на теренско рели
Теренските возила се креација на поновата автомобилска историја? Очигледно, не. Автомобилите пред сто години минувале по секаков терен и во секакви услови, што повторно го дознаваме преку ова видео. Штета е само тоа што олдтајмерите се премногу вредни за вакви екскурзии.

Тркачите се познаваат од малечки
Детето од ова видео сигурно ќе биде тркач кога ќе порасне. За тоа во секој случај ќе му биде „благодарен“ на татка си.

Летечки тенк испалува проектил
Збирка од најбудалести видеа не би била комплетна без придонес од Русија. Овој тенк скока преку грпка и испалува проектил додека е во лет. Вакво видео не се гледа секој ден.

https://www.youtube.com/watch?v=EDLTQSO40to

Дрифтинг со тјуниран трактор
Што прават вредните земјоделци откако ќе ги ожнеат сите полиња и ќе го нахранат сиот добиток? Дрифтаат со тјуниран трактор низ двор, а потоа и низ плевната.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730