151
114 shares, 151 points

Audi ја направи својата блиндирана лимузина уште побезбедна. A8 L Security ќе има премиера во Франкфурт, со највисоката заштита што постои. Лимузината е толку безбедна, што и местото на производство е тајно.

На салонот во Франкфурт, Audi ќе ја претстави специјалната верзија A8 L Security како најбезбеден автомобил во историјата на марката. Новата генерација на овој замок на тркала отсега ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност според класата VR 9. Само тенк е побезбеден од тоа. Во безбедносната ќелија во каросериската структура се користат материјали со исклучителна издржливост, вклучувајќи арамидно платно, специјална алуминиумска легура и топло валан тенковски челик. Секако дека и стаклата не се пропуштени.

15 тони ТНТ се немоќни пред заштитата на овој Audi A8

По сите овие зајакнувања, блиндираниот Audi A8 издржува експлозија според директивата ERV 2010, односно детонација на 15 килограми ТНТ од далечина од само 2 метри странично од возилото. За претстава, при таа силина на експлозија, автомобилите обично се поместуваат преку еден метар настрана.

Податоците за блиндираната лимузина се скромни, дури и местото на доработката е тајно. Моторите се 4.0 TFSI со 425 КС или 6.0 W12 со 500 КС
Податоците за блиндираната лимузина се скромни, дури и местото на рачната доработка е тајно. Моторите се 4.0 TFSI со 425 КС или 6.0 W12 со 500 КС

Дури и производството е „блиндирано“. Откако каросеријата ќе се изработи во фабриката на Audi во Некарсулм, таа потоа се препушта на тајна и сокриена мануфактурна работилница. Во багажникот се наоѓа комуникациска централа, којашто исто така е заштитена од напад, како и разглас за комуницирање со надворешноста и селективно отклучување на вратите. По специјална нарачка се вградува и сопствениот систем на Audi за излегување во итен случај, противпожарен систем и резервно снабдување со свеж воздух. При опремувањето на кабината може да се посегне по сите комфорни и функционални ставки од редовната и од специјалната понуда на опрема на Audi.

Единствен блиндиран модел со погон на сите тркала во фабричка понуда

A8 L Security ужива посебен статус како единствена луксузна лимузина со погон на сите тркала, којашто се нуди во фабрички блиндирана изведба. Крајната тежина на возилото не се открива, но затоа се наведува носивоста од 600 килограми, којашто е повисока во споредба со конкуренцијата.

Лимузината се испорачува во верзија со четирилитарски битурбо V8 со 425 КС и 600 њутнметри, како и со мотор W12 со 500 КС и 625 њутнметри. Крајната брзина е ограничена на 210 километри на час, поради специјално заштитените гуми. Комплетното подвозје и погонот на сите тркала исто така се приспособени според високите стандарди за безбедност. Нарачките се отворени, испораката ќе стартува напролет во 2016 година.

Static photo Colour: Havanna Black, metallic


Like it? Share with your friends!

151
114 shares, 151 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730