Нови модели

Наследникот на ix35 го враќа името Tucson: Премиера во Женева

Hyundai го објави цртежот од наследникот на компактниот теренец ix35, којшто како глобален модел повторно ќе го носи името Tucson. Серискиот модел ќе биде прикажан во почетокот на март во Женева.

Корејскиот гигант го најавува изгледот на новата генерација на Tucson, наследникот на ix35. Компактниот теренец ќе биде најзначајна премиера на Hyundai на претстојниот салон во Женева, во почетокот на март. Според Петер Шрејер, претседател и главен дизајнер во групацијата Hyundai, новиот компактен теренец ќе биде „голем чекор напред за марката Hyundai на глобално ниво.“ Германецот на врвот на корејската марка го опишува дизајнот на новиот Tucson како „впечатлив и атлетски, со горд став.“ Изгледот се одликува со површини што се втопуваат една во друга, со нагласени пропорзии, остри линии, и секако, со препознатливата хексаголална маска.

Откако првата генерација на Santa Fe стартуваше со продажба во Европа во раните 2000-ти, Hyundai пласираше преку еден милион спортски теренци од својата марка на пазарот.

 

Tags

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730