157
20 shares, 157 points

Во понудата на Mini наскоро ќе се појави првиот плагин-хибриден модел на британската марка. Техничарите ветуваат максимални 125 km/h во чист електричен режим, но и уживање во возењето коешто е својствено за Mini. Има и еден важен технички детал што ќе ги привлече ентузијастите.

Завршното тестирање на новата погонска верзија во понудата на Mini којашто ќе комбинира бензински мотор и електромотор е веќе при крај. Својствено за плагин-хибридите, првиот модел на Mini со овој погон ќе располага и со чист електричен режим. Со интелигентно управување со работата на бензинскиот мотор и на електромоторот ќе се обезбеди истото задоволство во возењето како кај „стандардните“ модели на Mini.

„Со овој модел сакаме љубителите на Mini да ги убедиме во хибридниот погон и сакаме сите што веќе имаат искуство со хибрид, да ги одушевиме со чувството на Mini“

Себастијан Макенсен, шеф на Mini

Пробното возило се распознава како хибриден модел единствено по капакот од левата страна, зад когошто се крие приклучокот за полнење на батеријата. Во кокпитот се забележува дека копчето старт-стоп е во жолта место црвена боја, додека местото на бројачот на вртежи го зазема покажувач на моќноста. На него се прикажуваат резервите од моќ на електромоторот, пред да се вклучи бензинскиот мотор.

Исто како кај хибридите на Porsche, британското „мини“ секогаш поаѓа само со помош на електромоторот, брзо и тивко, за подоцна да се вклучи и бензинецот, зависно од наполнетоста на батериите и од притискањето на педалот за гас. Батериите се вградени под задната клупа. Mini уште не наведува со колкав капацитет располагаат батериите, односно колку е досегот во чисто електричен модус, но може да се очекува тој да биде околу 30-40 километри.

Mini Countryman II Plugin-Hybrid

Во стандардниот модус Auto eDrive, хибридниот Mini може да вози до 80 km/h на струја, додека во Max eDrive ќе биде брз и до 125 km/h, што значи со електричниот погон ќе може да се вози и по автопат. Секако дека бензинецот секогаш е подготвен да се приклучи во игра, при повисоки брзини или кога батериите веќе се подиспразнети. Овој аспект му е важен на шефот Макенсен: „Тоа значи дека електричното возење не е можно само до 30 или 40 km/h, туку и вон градскиот сообраќај“.

Хибридниот Mini „го освојува победничкото место во категоријата спринт“

За бензинецот да се активира, техничарите намерно направија педалот за возење да бара посилно притискање. Затоа пак, кога тоа ќе се случи, првиот Mini меѓу плагин-хибридите „го освојува победничкото место во спринт“.

Подвозјето не трпи промени. Возните својства профитираат од ниско поставените компоненти на eDrive, коишто го спуштаат тежиштето на хибридното Mini наспроти обичните модели, а придонесуваат и за уште порамномерна распределба на тежината меѓу обете оски. Тоа значи дека хибридното Mini ќе биде уште поагилно во свијоци и со поголемо уживање за возачот.

Mini Countryman II Plugin-Hybrid

Најважното следи: Електромоторот ја пренесува моќта на задната оска! Во соработка меѓу интелигентното управување со енергијата и контролата на стабилноста се постигнуваат тракција и динамика во свијоци коишто се над нивото на стандардните модели. Кога контролата на стабилноста ќе препознае опасност од пролизгување на тркалата, електромоторот се активира да обезбеди дополнителна тракција при поаѓањето или прецизно „фаќање“ на свијокот.

Во модусот Save Battery моторот ги полни батериите

Третиот модус во прекинувачот за eDrive е наменет за полнење на батериите. Во модусот Save Battery работи единствено бензинецот, за наполнетоста на батеријата да се одржува на константно ниво или за батеријата да се полни преку генератор и енергијата да биде достапна подоцна за возење само на струја.

Како што посочуваат од Mini, ова е нова димензија на „минимализмот“. Не толку неважно, зад графичкото маскирање на каросеријата се наѕира новата генерација на Mini Countryman.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
20 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730